Достапни линкови

Битолчани ќе плаќаат најскапа вода за пиење


Годинава дури за 116 проценти поскапи водата за домаќинствата во Битола, а цените за стопанството скокнаа за 70 проценти. Тоа значи дека од овој јануари граѓаните наместо постојаните 14 денари за кубен метар ќе плаќаат 30 денари, а стопанствениците од 26 на 45 денари.

Со оглед на економската криза која се уште не поминала битолчани бараат одлагање на поскапувањето.

,,Одложување на поскапувањето на водата за една година значи важноста на цената на водата да важи од први први 2011 година. Со јануарските сметки за струја граѓаните ќе добијат повисоки сметки за струја за 10 отсто, повисоки сметки за вода што мислам дека граѓаните нема да можат да го издржат."
Знам дека многу комунални претпијатија низ Македонија имаат проблеми со нивното работење. Знам дека многу комунални претпијатија во Македонија во овој изминат период пристапија кон оваа непопуларна мерка која и ние ја презедовме т.е. зголемија цена на вода. Тоа се случи во Кавадарци, Демир Хисар, се спрема во Кочани. Тоа е еден од начините за санирање на состојбите

,,Не е во ред. Како ќе биде во ред кога ги поскапуваат давачките? Еве сега водата за 100 проценти ја поскапија, па и струјата. А вработувања нема. Тоа е голем проблем. Секој ден остануваат луѓе без работа. Со што пари ќе ги плаќаме ние овие сметки"

прашуваат битолчани.

Поскапувањето на цената се должи на загубите во работењето на јавното претпријатие „Водовод“ и финансиската немоќ да ја ревитализира водоводната мрежа стара над седум децении. Директорот Зоран Илиоски вели дена новата цена била неопходна „за да ние многу пефикасно интервенираме во водоводниот систем и да можеме да ја реализраме инвестиционата програма која на еден начин е најавена.

,,Знам дека многу комунални претпијатија низ Македонија имаат проблеми со нивното работење. Знам дека многу комунални претпијатија во Македонија во овој изминат период пристапија кон оваа непопуларна мерка која и ние ја презедовме т.е. зголемија цена на вода. Тоа се случи во Кавадарци, Демир Хисар, се спрема во Кочани. Тоа е еден од начините за санирање на состојбите,"

нагласува Илиоски.

Тој не го открива колкави се загубите на фирмата која со вода го снабдува вториот град по големина во државата. Поспапувањето на цената доаѓа во период кога „Водовод“ започна со изградба на мини хидрпцентрала. Менџментот вели дека таа ќе овозможи продажба на струја и на тој начин финансиско ојакнување на претпријатието.

,,Со новата цена на водата не сме најскапи пред градовите во Македонија. Пред нас години наназад таква слична цена и повисока плаќаа Струмица, Велес, Куманово, Прилеп блиску до нас, Охрид веќе долго време плаќа таква цена,"

додава директорот.

Еден од главните проблеми на битолската водоводна мрежа е замената на азбестните и поцинкованите цевки кои создаваат дефекти и намалување на пристисокот на водата. До средината на годинава треба да проработи компјутерскиот мониторинг врз водоводната мрежа со што ќе се утврдат големите загуби на вода кои според пресметките се на пола од потрошените количини.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG