Достапни линкови

Велес против државата


Фабрички оџаци ја загадуваат животната средина
Фабрички оџаци ја загадуваат животната средина

Парите за вештачење во спорот Велес против Државата се обезбедени со што судскиот спор ќе продолжи. Општината веќе го уплатила својот дел, а на последниот ден од дадените 15 дена парите ги уплати и Зелената колаиција. Вештаците може да испаднат на терен.

Во септември ќе продолжи еколошкиот судски спор Велес против Државата. Зелената коалиција ги обезбеди пари неопходни за исплата на вештачењето на почвата. Во акцијата, Јас, за мене, за Велес, за нас, Зелените и новинарите парите ги собираа од граѓаните.

„Успеавме да собереме 78.750 денари, колку што изнесуваше нашиот долг. Особено ми е драго што повеќе од половина износ 41.150
Успеавме да собереме 78.750 денари, колку што изнесуваше нашиот долг. Особено ми е драго што повеќе од половина износ 41.150 денари се собраа токму од граѓаните на Велес кои излегоа од дома и донираа по десет денари во касите, остатокот од средствета се собраа од индивидуалци и бизнис секторот.
денари се собраа токму од граѓаните на Велес кои излегоа од дома и донираа по десет денари во касите, остатокот од средствета се собраа од индивидуалци и бизнис секторот“, рече Весна Шкортова, член на Зелената коалиција.
Седница на одборот за спас на Велес од Топилницата во 2008 година

Судскиот спор Велес против Државата започна пред две години.Тогаш тужителите, Општината и седумте невладини организации сметаа дека како доказен материјал за судот доволни ќе биле сите научни истражувања кои во последните 20 години ги правеле експерти иинституции од областа на животната средина и здравството. Велешани со постојана подршка на Зелената колаиција. Собирањето на потребните средства само за 12 часа е потврда дека граѓаните веруваат и во Коалицијата но и во Судот како институција каде ќе се докажат последиците од тридецениското загадување на Велес.

„Оваа акција е за доброто на сите и треба сите да ја подржиме.“

„Ја подржувам оваа акција и кој сака може да учествува.“

„Малечка сума но на симболичен начин да се подржи акцијата, таа е за доброто на овие дечиња кои растат тука“, рекоа анкетираните велешани.

Првата препрека е надмината, сега Зелените размислуваат како да обезбедат пари за следното вештачење. Очекуваат дека тоа ќе биде многу поскапо, не се откажуваат од идеата советниците да изгласаат одлука за формирање на посебен фонд од кој ке се плаќаат судските трошоци.
XS
SM
MD
LG