Достапни линкови

Екологистите не прифаќаат спогодба за ,,Топилница"


Зелената коалиција од Велес не го прифаќа наводниот договор меѓу Државата и велешката Општина за спогодбено решавање на проблемот со тридецениското загадување на Велес поради работата на Топилницата. Тие инсистираат на обештетување на велешани.

Општина Велес наместо да ја тужи Државата за тридецениското загадување на велешани сака да се спогодува. Ополномоштениот адвокат Љупчо Ничовски, побара одложување на судењето бидејки неговите информации добиени од градоначалникот Петров се дека постојат првични преговори помеѓу Општината и Државата за спогодбено решавање. Ваквиот предлог е неприфатлив за Зелената коалиција.

„Ние не прифакаме вонсудско порамнување ако не добиеме сега во институциите во Македонија убедени сме дека овој спор ќе го добиеме во судот во Стразбур за човекови права“

вели адвокатот на Зелената коалиција, Билјана Ангеловска.
„Зелената коалиција“, и понатаму останува на барањата Државата да забрани рестрт на Топилницата, да ја острани депонијата со згура, да се деконтаминира почвата и да се забрани производство на земјоделски производи, а земјоделците кои досега го обработуваа истото да бидат обештетени.Невладините организации кои се дел од коалицијата сметаат дека институциите недоволно сериозно ја сватиле нивната тужба.

„Сметаме дека не е разбрана работата ние не ја тужиме оваа Влада, овие луѓе не се одговорни за она што се случуваше во изминатите години но од друга страна ја сносат одговорноста за последиците кои ги има Велес, значи апсолутно треба да ги превземат одговорностите околу ревитализацијата на животната средина и спречување на загадувањето. Од 2003 година до денес ништо не е превземено“

вели др. Ненад Кочиќ, член на Зелената колаиција. Постои ли разделување по оделени прашања помеѓу Општина Велес и Зелената коалиција е прашањето кое денес се отвара?Градоначалникот Петров вели дека денешниов предлог на Општината е предлог даден на претходни рочишта, а неговите сознанија биле дека тогашниот адвокат сега покојниот Славко Петров се сложил. Новата насока која можеби и се дава на тужбата Велес прорив Државата не ги поколебува членовите на Зелената коалиција во борбата за опстојување во намерата за обештетување на велешани од тридецениското загадување.

„Едно само сакам да им порачам на сите граѓани кои со недоверба гледаат на Зелената коалиција. Ако некој очекуваше дека Зелената коалиција ќе биде скршена и материјално и човечки од старна на виши сили и полуавторитети тогаш навистина направил сметка без крчмар. Ниту Зелената коалиција ќе биде тоа што некој сака да биде, ниту нечиј приврзок, Зелената коалиција ќе биде граѓанската опција за град Велес наспроти политичките препукувања.“

вели Игор Смилев, член на Зелената коалиција. Обештетување затоа што според Уставот правото на живот во здрава животна средина е нарушено, велешани за прв пат побараа во 2001 година. Три години од отпочнување на судскиот спор, Општината тужбата ја повлече, образложението беше дека Топилницата неработи. Во 2008 година кога се погласно почна да се говори дека можен е рестарт на комбинатот, Општина Велес заедно со Зелената колаиција по втор пат поднесува тужбено барање против Република Македонија.
XS
SM
MD
LG