Достапни линкови

Велешани не дозволуваат рестартирање на топилницата


Фабрички оџаци загадувачи на животната средина
Фабрички оџаци загадувачи на животната средина

Велешка топилница е продадена. Скопски Метрудхем го испочитува последниот рок добиен од Собранието на доверители и уплатил 1 милион и 250 илјади евра на стечајната сметка на комбинатот.Информацијата за продажбата на комбинатот ниту ја потврдуваат ниту ја демеантират надлежните инволвирани во овој процес. Зелената коалиција прва јавно ја обелодени информацијата за продажбата.Побара од новиопт сопственик , фирмата Метрудхем да се легитимира и да ги обелодени своите намери.

"И во најлошата варијатна со рестартирањето на Топилницата Велес ќе биде најзагадено место.,,
Со рестартирањето на Топилницата Велес ќе биде најзагадено место.


Топилницата несмее да се рестартира ова е ставот на велешани. Организирани од невладиниот сектор граѓаните досега неколку пати го искажуваа својот став по прашањето на можниот рестарт на комбинатот.
Најмасовниот протест бесе во јуни месец минатата година кога неколку илјади велешани маршираа од центарот на градот до капијата на комбинатот каде со запалени свеќи побараа загадувачот никогаш да не се рестртира. Против можниот рестарт е и локалната самоуправа. Градоначалникот Горан Петров вели дека желбата на граѓаните е јасна.

"Јас сум против рестартирањето на Топилницата, би почекал да добиеме и официјална информација околу тоа и понатаму да ги преземе сите чекори кои што како општина треба да ги преземе.,,

Невладините организации веке ги подготвуваат своите следни активности. Велат дека непостои начин да опстои идејата за рестарт на комбинатот, оти тоа е тивка смрт за 55 илјадни жители на градот кој со децении го носи епитетот најзагаден град во Европа. Ако сопственикот скопски Метрудхем има за цел рестарт на комбинатот сигурни се протестите. Зелената коалиција во моментов размислува и за други одлици на притисоци кои би ги преземале со цел сопственикот да се откаже од рестарт на комбинатот, вели Ангелче Гушев.

"Кампањите што ќе започнат за чиста животна средина, поддржани од ЕУ тоа значи дека нема да ги оставиме на мира идните газди на Топлницата.,,

Велешка Топилница во циј состав е и фабриката за вештачко губре кај Згрополци се продаваше шест години. Распишани беа седум тендери а во судовите во државата се водат и многу судски спорови. Уплатата на средствата во висина од 168 милиони денари за познавачите значи АДАКТА за случајот Топилница.
XS
SM
MD
LG