Достапни линкови

Македонски ученици со награди на Балканскиот гастро натпревар


Охрид
Охрид

Петмина ученици-матуранти кои го завршуваат средното угостителско училиште Ванчо Питошески од Охрид го освоија златото на третиот Балкански гастро натпревар што неодамна се одржа во Бургас, Бугарија, што е потврда дека македонското угостителство и кулинарство се на врвот во Балканот.

Петмина ученици-матуранти кои го завршуваат средното угостителско училиште Ванчо Питошески од Охрид го освоија златото на третиот Балкански гастро натпревар што неодамна се одржа во Бургас, Бугарија и за тоа на празникот на просветителите Кирил и Методиј, беа наградени од градоначалникот на Охрид Александар Петрески. Младите готвачи и келнери од Охрид, кои во Бугарија ја претставуваа Македонската јуниорска репрезентација, освоија пет златни медали како најкомплетен тим со учество во сите дисциплини,
Тоа беше Балкански натпревар, на кој ние ја претставувавме Македонија, што значи дека и туризмот кај нас е добар и дека келнерите нешто значат, за што потврда се освоените медали.
за барменство и подготвување коктели, послужување, фламбирање и готвење, а среброто им припадна за послужување, слаткарство и во екипна конкуренција. За Охридските златни и сребрени момчиња и девојки, тоа е потврда дека средното угостителско училиште оспособува стручни кадри и дека Македонското угостителство и кулинарство се на врвот во Балканот.

„Нашите колеги и нашите ученици ја подготвуваа храната, а јас и мојот колега Марјан ги послужувавме членовите на комисијата, кои ја вкусија храната од нашите готвачи, што беше големо искуство за нас. Тоа беше Балкански натпревар, на кој ние ја претставувавме Македонија, што значи дека и туризмот кај нас е добар и дека келнерите нешто значат, за што потврда се освоените медали.“

„Јас подготвив интернационално мени од ладно предјадење, рибна салата, крем супа од грашок и главно јадење медаљони со сос од печурки. Им се допадна на комисијата и на публиката. Вистина е дека најдобрите готвачи во светот се мажи и сакам да се занимавам со готварство“,
Од нашето училиште излегуваат добри ученици од неколку професии, келнери, готвачи и хотелско-туристички техничари, кои понатаму работат на струката што
ја избрале.
велат Агрон Асаноски, келнер и Илија Ангелески, готвач, наградените ученици со сребро за служење и злато за готвење.

Тие, заедно со останатите од нивното училиште, поединечно и екипно, вештините ги одмеруваа со натпреварувачи од Бугарија, Србија, Црна Гора,Косово, Албанија и БиХ, за што тие два месеци се подготвуваа со нивните професори во специјално опремените кабинетите во училиштето.

„Од нашето училиште излегуваат добри ученици од неколку професии, келнери, готвачи и хотелско-туристички техничари, кои понатаму работат на струката што ја избрале. Сметам дека не треба уште многу да учиме,туку уште малку, зошто кај нас сеуште се работи на традиционален начин на приготвување храна, кој е вкусен, но сепак треба малку повеќе да поработиме на современата кујна. Услови за едукација и работа во хотелите тука имаме, но сепак треба да излеземе малку подалеку од Охрид, каде сме затворени, да добиеме некоја идеа и да воведеме некоја новина за да смениме нешто во нашето кулинарство“, вели Блаже Јорданоски, професор по готварство во средното угостителско училиште во Охрид, чии успешни матуранти по освојувањето на високите меѓународни награди и прославата на матурата, ќе почнат да работат во хотелите и рестораните на Охридско-Струшката ривиера и ќе се образуваат натаму.

Да се надеваме дека токму овие млади луѓе Охридската и Македонска кујна и послужување ќе ги приближат до светското ниво и стандарди.
XS
SM
MD
LG