Достапни линкови

Катастрофална состојба во медицинскиот отпад во државата


Медицински отпад во обични контејнери, секојдневие во македонските градови
Медицински отпад во обични контејнери, секојдневие во македонските градови

Ситуацијата со одлагањето на медицинскиот отпад во Битола и во многу други градови во државата е катастрофална, посочуваат експертите. До сега, само депонијата Дрисла беше во можност да го обработува отпадот по европски стандарди. Битолска фирма набави подвижна механизација за уништување на отпадот, што би можело да помогне до изградбата на регионални депонии по европски стандарди.

Ситуацијата со одлагањето на медицинскиот отпад во Битола и во многу други градови во државата е катастрофална, посочува професорот епидемиолог Снежана Стоилова. Иако има закон и правилник за ракување и уништување на ваквиот отпад упатствата
Отпадот е катастрофа. Медицинскиот отпад треба да има посебен дел во кругот на битолската болница, каде што целосно
би се собирал.
доследно не се применуваат во повеќето болници, па дури и да се постапува по нив, на крајот сметот завршува во обични контејнери поставени во кругот на болниците, па на комуналните депонии. Со ова на удар на различни инфекции се вработени во болниците, пациенти како и случајни минувачи во близина на местата каде има медицински отпад.

„Отпадот е катастрофа. Медицинскиот отпад треба да има посебен дел во кругот на битолската болница, каде што целосно би се собирал. Се разбира, треба да има затворен дел, одвоен итн. Знаете дека тоа е едно собиралиште кое не одговара на тие стандарди, не е ниту оградено“, вели Стоилова.

Во државата има само една санитарна депонија, тоа е Дрисла, каде се уништува медицинскиот отпад од Скопје и Куманово на соодветен начин.
Моментално во Република Македонија е на многу ниско ниво третманот на медицинскиот отпад. За жал, тоа е така затоа што согорувањето се вршеше само во една печка на депонијата Дрисла. Од неодамна, имаме мобилен генератор, и може да работи на територијата на цела Македонија.

„Другите здравствени установи, иако го сепарираат, иако означуваат, пакуваат, заради немање постојка за уништување на медицинскиот отпад тој завршува на сметиштата“, вели Михаил Курчуловски од институрот за јавно здравство.

Решение за проблемот се гледа во изградба на регионални депонии кои по европски стандарди ќе треба да управуваат со уништување на сметот. До тогаш, една битолска фирма набави подвижна механизација за уништување на медицинскиот отпад.

„Моментално во Република Македонија е на многу ниско ниво третманот на медицинскиот отпад. За жал, тоа е така затоа што согорувањето се вршеше само во една печка на депонијата Дрисла. Од неодамна, имаме мобилен генератор, и може да работи на територијата на цела Македонија“, вели Сашо Јанковски од Еко Клуб Битола.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG