Достапни линкови

Македонија во пост-кризен период


Подобрување на состојбите е можно во втората половина на годината, оценуваат економистите. Како дополнителен проблем се јавува грчката криза и несигурноста што ја предизвикува.

Нема знаци дека сме излегле целосно од кризата, а подобрување на состојбите е можно во втората половина на годината кога се очекува да има одредено придвижување на пазарот и зголемување како на приватната така и на јавната потрошувачка, оценуваат во Сојузот на
Граѓаните се претпазливи, значи не знаат каква ќе биде иднината за извесен период, па ги чуваат средствата што ги имаат. Претходната година, доста луѓе изгубија работни места, така што и тука имаме недостаток на финансии.
Стопански комори. Се наоѓаме во фаза на пост-кризен период каде и потрошувачката е исто така многу намалена, вели извршниот директор Митко Алексов.

„Граѓаните се претпазливи, значи не знаат каква ќе биде иднината за извесен период, па ги чуваат средствата што ги имаат. Претходната година, доста луѓе изгубија работни места, така што и тука имаме недостаток на финансии.“

И стапката на раст на бруто домашниот производ и коефициентите во однос на билансот на плаќањето покажуваат дека се уште е рано да се зборува за целосно заздравување и надмнинување на последиците од кризата. Како дополнителен проблем, исто така, се јавуваат и последиците кои се случуваат во регионот на југоисточна Европа како рецидиви од кризата, укажува професорот Зоран Ивановски.

„Значи, се уште се појавуваат нови жаришта, кои се закануваат да предизвикаат и поголеми проблеми во регионот. Јасно е дека не можеме да бидеме сигурни дека ефектите нема да бидат и уште поголеми во наредниот период, особено заради познатите случувања во Грција.“
Значи, се уште се појавуваат нови жаришта, кои се закануваат да предизвикаат и поголеми проблеми во регионот. Јасно е дека не можеме да бидеме сигурни дека ефектите нема да бидат и уште поголеми во наредниот период, особено заради познатите случувања во Грција.

Според некои прогнози, во втората половина од годината може да се очекува поголем раст во земјите од ЕУ, кој според извештаите на Светската Банка сега се движи околу еден процент што е под очекувањата. Иваносвки не избрзува со прогнози, кога би можело полека да почнеме да го напуштаме кругот во кој се наоѓаме, особено поради ефетките во регионот. Посигурни сигнали може да имаме по завршувањето на првата половина од годината со оглед дека летните месеци значат поголема економска активност, заради сезонскиот карактер на производството, смета Ивановски. Во меѓувреме, со оглед на поскапувањето на гасот и мазутот, економистите прогнозираат можност од зголемување на цената на крајните производи бидејќи енергенсите имаат значителен дел во формирањето на продажната цена.
Митко Алексов смета дека сепак не значи дека прозводите ќе поскапат, зошто пазарот се јавува како регулатор

„Можеби храната да поскапи, хемиските производи, текстилните производи. Но, ако нема побарувачка на пазарот и не се троши, тогаш која е целта?“

Ивановски оценува дека речиси нема сектор кој нема да биде засегнат од поскапувањето на енергенсите, а освен влијание на макро план тој очекува да има проблем и во билансот на плаќањето .
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG