Достапни линкови

Македонија делумно слободна земја


Според извештајот на Фридом Хаус Македонија се наоѓа на 94-то место од 196 земји според слободата на медиумите. Полошо од Македонија од земјите од поранешна Југословија се рангирани само Косово и Босна и Херцеговина.

Македонија, се уште, е делумно слободна земја, што се однесува на слободата на печатот, се наведува во најновиот извештај на Фридом хаус. Според медиумските слободи, земјава се наоѓа на 94-то место од 196 земји. Од земјите од поранешна Југославија, полошо од Македонија стојат само Косово и Босна и Херцеговина. Во однос на минатата година, земјава бележи благо подобрување на позицијата. Лани, Македонија и Босна и Херцеговина го делеа 98 место, од 195 земји.

Во очекување на целосниот извештај за медиумските слободи
Тоа е од самиот факт што се уште политиката има големо влијание врз поголемиот дел од медиумите во земјава.
во Македонија, многу веројатно е да се повторат дел од забелешките од претходните извештаи. Во ланскиот извештај на Фридом хаус, беа нотирани смртните закани кон новинари во Македонија.

По последните информации дека повторно има закани кон новинарите, денеска се огласи и Здружението на новинари на Македонија. Во соопштението од ЗНМ се бара од Министерството за внатрешни работи во најкус рок да ги пронајде луѓето кои директно се закануваат со физичко насилство и ликвидација на новинари. ЗНМ додава и дека поделбите на патриоти и предавници се користат за дискредитирање и оти на тој начин се поттикнува цензурата и се попречува секој обид за јавна дискусија за одредени прашања.

Главниот и одговорен уредник на телевизијата Алсат-М, Мухамед Зекири вели дека фактот што Фридом Хаус, се уште не категоризиара како делумно слободна земја во поглед на слобода на печатот, покажува дека „тапкаме во место“.

Слободата во светот во 2010


„Тоа е од самиот факт што се уште политиката има големо влијание врз поголемиот дел од медиумите во земјава, а тоа е најголем
Ние сме една од ретките земји каде што повисоките судови иако ги утврдат грешките нема да се однесуваат на обвинетите, што за мене е неразбирливо како граѓанин. Државата сама да си ја признае грешката, но да не ја гони.
проблем што сопствениците на поголемиот дел од медиумите се политички активни во Македонија.“

Токму вклученоста на газдите на медиумите во политичкиот живот беше забележано и во минатогодишниот извештај на Фридом хаус.
Без решение, или поточно кажано со нецелосно решение е и случајот на директорот на радиото Канал 77 Горан Гаврилов, кој беше претепан пред повеќе од две години. Тројцата обвинети за неговото претепување беа осободени од судот. Процесот нема да се повтори, иако Врховниот суд утврди дека бил нерегуларен. Поради случајот тој поднел тужба против Република Македонија, пред судот во Стразбур.

„Правдата ќе биде задоволена, ако Република Македонија повторно го отвори случајот и ја признае грешката што ја утврдил Врховниот суд. Ние сме една од ретките земји каде што повисоките судови иако ги утврдат грешките нема да се однесуваат на обвинетите, што за мене е неразбирливо како граѓанин. Државата сама да си ја признае грешката, но да не ја гони.“

Во ланскиот извештај е наведено и дека сопственоста на весниците е во рацете на неколку фирми што не е променето, а не е променет ниту начинот на финансирање на Советот за радиодифузија и на Македонската радио и телевизија.
Изминатата година е забележан умерен пад на медиумските слободи секаде во светот. Според Фридом хаус, најлошо стојат новинарите во Туркменистан, Узбекистан, Белорусија, Иран, Куба, Северна Кореја, Бурма, Екваторијална Гвинеја, Еритреја и Либија.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Препорачано

XS
SM
MD
LG