Достапни линкови

(Не)зависни медиуми


Една од критиките во извештајот на ЕК се однесува на состојбата со македонските медиуми, односно концентрираноста на сопствеништвото и влијанието на политиката врз медиумското работење со што се доведува во прашање нивната независност.

Сопствеништвото на печатените медиуми е концентрирано. Електронските медиуми се уште се асоцирани со бизнис и политички интереси со што претставуваат субјект на политички влијанија. Ова се дел од забелешките во извештајот на Европската комисија за Македонија во поглед на слободата на изразување и медиумскиот плурализам. Професорот Живко Андревски вели дека набргу не може да се очекува решавање на овој проблем, бидејки во земјава, според него, има медиуми кои се формирани за да ја играат улогата на партиски гласници:
Понекогаш и медиумите сами се приклонуваат, бидејќи мора да преживуваат. Или кон политичка опција, политичка групација или кон даден момент на владеење


,,Значи тие ја исполнуваат функцијата поради која се формирани, бидејќи во нив се вложени пари, организациони мерки се преземени итн. Значи друго прашање е тоа што не е добро, не е во духот на демократијата и модерно општество, но фактите се тие."

Андревски додава дека дури и медиумите кои не се директно поврзани со партиите се под влијание на политиката:

,,Понекогаш и медиумите сами се приклонуваат, бидејќи мора да преживуваат. Или кон политичка опција, политичка групација или кон даден момент на владеење итн."

Претседателот на Советот за радиодифузија Зоран Стефаноски во неделното интервју за Радио Слободна Европа вели дека рекламирањето на политичките партии и Владата во електронските медиуми ја загрозува професионалноста и независноста на јавните гласила:
Јас би рекол дека шансите се големи да се загрози независноста на медиумите, бидејќи прво рекламирањето не оди рамномерно кон сите медиуми

,,Јас би рекол дека шансите се големи да се загрози независноста на медиумите, бидејќи прво рекламирањето не оди рамномерно кон сите медиуми, прво и основно. Значи одат кон одредени медиуми, со повеќе средства и со повеќе време, за разлика од тоа дека во други медиуми воопшто и не се појавуваат тие реклами."

Решение на проблемот, според Стефаноски, за сега е само јавен притисок:

,,Може да се влијае на јавната свест во Македонија, бидејќи сепак тоа се буџетски средства и се издвојуваат за кампањи кои најчесто не се кампањи од јавен интерес, туку се кампањи како резултат на активностите на Владата на Република Македонија."

Инаку забелешки за слободата на медиумите во земјава беа изнесени и во извештајот на „Фридом Хаус“. Меѓународната организација кон почетокот на годинава констатираше дека македонските медиуми се делумно слободни.
XS
SM
MD
LG