Достапни линкови

Цензурата на Интернет, нов Берлински ѕид


Новите медиумски технологии како Твитер, Фејсбук и Јутјуб го отворија прозорецот кон слободата за луѓето кои живеаат во затворени општества во светот. Kако што пишува Хитер Маер, известувајќи за панелот во американскиот Конгрес, станува збор за нови моќни алатки на демократијата.

Кога летото оваа година Иран беше зафатен од масовни протести по претседателските избори, на новинарите им беше забрането да известуваат за нив. Но, лидерот на таканареченото Зелено движење Мир Хосеин Мусави преку својот блог на Фејсбук комуницираше
со своите следбеници. Можноста на новите техонологии да ја бајпасираат цензурата на владата го привлече вниманието и на американските законодавци кои деновиве организираа состанок со експерти за таканаречните нови социјални мрежи на комуникација Нејтан Фрајтас е еден од нив:

,,Доаѓам како претставник на безбројна технологија и нови медиумски застапници кои зачудувачките иновации на нашата генерација би требало повеќе да ги користат за доброто во светот, а не само за стекнување богатсво и за забава.,,
Кога луѓето во затворените општества ќе ја вкусат слободата и кога ќе добијат начин да делат информации, тие веќе не им се покоруваат на тиранијата и неправдата..

Даниел Калингер кој раководи со медиумските програми во Фридом Хаус вели дека ќе треба многу повеќе од Твитер и Јутјуб за да се донесе демократија таму каде што ја нема.

,,Новите медиуми не можат сами да ги поткопаат авторитарните режими. Овие режими во поранешниот Советски сојуз и насекаде во светот продолжуваат да вржат репресија и таа сега е проширена и врз дигиталните медиуми.,,

Слободата на интернетот во Русија е стеснета откако блогерите се постојана цел на хакери, на ригорозни законски одредби и на физичко насилство. Новите медиуми, според него, создадоа значајни можности за слободно изразување во земјите со авторитарни режими.

,,Но, авторитарните режими го враќаат притисокот. Тие ја намалија интернет слободадата на различни начини и по се изгледа тие и натаму ќе го намалуваат просторот за слободно изразување на граѓанските активности на Интернет.,,

Со него се согласува и Фрајтас кој предупредува дека новите средства за комуникација од друга страна претставуваат и добро средство на властите за следење на активистите за човекови права и нивните семејства.

,,Мобилните телефони се уникатни идентификатори на нивните корисници. Лаптоповите се полни со инкриминирани документи. Дигиталните вируси се моќни шпионски алатки.,,

Вели Фрајтас. На исто мислење е и Шију Зоу кој длабоко е навлезен во борбата против државната цензура. Тој, како заменик директор на Конзорциумот за глобална интернет слобода смета дека цензорството на интерент стана Берлински ѕид на 21 век кој ги раздвојува луѓето.

,,Кога луѓето во затворените општества ќе ја вкусат слободата и кога ќе добијат начин да делат информации, тие веќе не им се покоруваат на тиранијата и неправдата.,,

Вели Зоу, додавајќи дека интерент слободата има потенцијал да ги трансформира затворените општества на мирољубив начин.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG