Достапни линкови

Зголемени сметки за струја


Нова година – нова цена на струјата. Иако струјата поскапе за 10 отсто, граѓаните се жалат дека сметките за им се зголемени за поголем процент. Дел од нив се сомневаат дека на задебелените сметки влијаат и новите струјомери што го поставува ЕВН.

„Се качи и ДДВ-то, се качија и некои трошкови манипулативни, мислам дека имаат удел и новите броила.“
„Поскапе и тоа повеќе отколку што кажуваат.“

„Балонот се шири, се шири и еден ден ќе пукне, а кога не се знае.“

"Дебели" сметки за струја
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:09 0:00


Причините за поголемите сметки се тема на рубриката Хајд Парк.

Во ЕВН, пак, се децидни дека нема никаква поврзаност меѓу новите броила и цената на струјата.
Мораше да се сменат, затоа што голем дел од нив беа и по 40 години несменети, голем број небаждарени, технички неисправни. Новите броила се попрецизни од претходните.
ЕВН наведува дека струјомерите се поставуваат веќе две години, а ќе се поставуваат уште две, додека не добијат сите семејства. Попртпаролката на ЕВН, Ленче Карпузовска вели дека новите струјомери попрецизно ја мерат потрошената струја.

„Мораше да се сменат, затоа што голем дел од нив беа и по 40 години несменети, голем број небаждарени, технички неисправни. Новите броила се попрецизни од претходните.“

Кај луѓето што имале лошо избаждарени броила или пак кај оние кои сами си ги штелувале струјомерите цената е повисока, затоа што сега ја плаќаат целата потошена струја, вели Карпузовска.
Од 13 до 16 часот е евтина тарифа и од 22 часот навечер до 7 наутро е исто така евтина тарифа, останатото е скапа.

„Можно е самите потрошувачи да можеле да си темпираат повеќе часови да има ефтина од скапа или да уништуваат повеќе фази каде што ќе протекува електрична енергија, но истата нема да биде мерена на броилото. Веројатно таквите потрошувачи се во заблуда, можеби не знаеле или не биле свесни дека нивното броило е манипулирано, но факт е дека тие имале корист од тоа.“

Дел од повозрасните луѓе, пак се жалат дека не знаат кога има ефтина струја.

„Не покажува со црвено кога е ефтина струја, сите прашуваат дали од 15 или 16 е ефтина.“

Карпузовска објаснува дека термините за ефтина струја се одредени со закон.

„Од 13 до 16 часот е ефтина тарифа и од 22 часот навечер до 7 наутро е исто така ефтина тарифа, останатото е скапа.“

Во недела, пак, цел ден има евтина струја. Тоа значи дека евтина струја има од 22 часот во сабота до 7 часот наутро во понеделник, информираат во ЕВН.

Вашите забелешки за новите цени на струјата ги очекуваме во рубриката Хајд Парк.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG