Достапни линкови

Вести

Тимошенко: Нема да го прифатам Јанукович за легитимен претседател

Украинската премиерка Јулија Тимошенко денеска изјави дека има доказ дека нејзиниот ривал, Виктор Јанукович мамел на претседателските избори на 7 февруари. Тимошенко најави дека планира да го искористи тој доказ на суд. Таа рече дека никогаш нема да го прифати Јанукович за легитимен претседател на Украина. Тимошенко додаде дека неколку набљудувачи од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) се подготвени да сведочат на суд дека е направена изботна измама. ОБСЕ и неколку меѓународни набљудувачи, излегоа со заедничко официјално соопштение во кое се вели дека изборите биле фер и демократски.

види ги сите денешни вести

Ирански дронови навлегоа во израелскиот воздушен простор, нема жртви

Иран -- Воени беспилотни летала на Исламската револуционерна гарда
Иран -- Воени беспилотни летала на Исламската револуционерна гарда

Иранските беспилотни летала и проектили лансирани во невиден напад од големи размери врз Израел почнаа да навлегуваат во израелскиот воздушен простор, активирајќи сирени за воздушен напад низ целата земја. Се чини дека израелскиот систем за противвоздушна одбрана ги уништува дојдовните проектили пред каков било удар на земјата.

Силни експлозии и блесоци на светлина можеа да се видат на небото над Ерусалим околу 2 часот по полноќ по локално време на 14 април.

Израелската служба за брза помош „Маген Дејвид“ соопшти дека не добила извештаи за жртви од дронови и проектили што пристигнале од Иран.

Американските и британските медиуми објавија дека нивните вооружени сили веќе пресретнале дел од беспилотните летала и проектили над граничната област Ирак-Сирија додека се упатувале кон Израел.

Според иранските медиуми, над сто беспилотни летала и балистички ракети се испукани кон Израел.

Засега не се забележани директни удари на земја.

Неколку часа претходно, Техеран соопшти дека извршил невиден напад од големи размери врз Израел, испраќајќи десетици беспилотни летала и балистички ракети кон Израел.

Овој потег на Техеран доаѓа на само неколку часа откако иранската морнарица заплени брод поврзан со Израел во Ормутскиот Теснец, поттикнувајќи стравувања од распространет конфликт на Блискиот Исток.

Портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари изјави дека одбраната на Израел е подготвена да се справи со нападот.

Израелските воздухопловни власти соопштија дека израелскиот воздушен простор ќе биде затворен за сите летови пред претстојното пристигнување на иранските беспилотни летала и дека сирените ќе се огласат во областите на потенцијални напади.

Управен суд пресуди во корист на Академијата за судии и обвинители

Управен суд Скопје
Управен суд Скопје

Управниот суд ја уважил тужбата од Академија зa судии и јавни обвинители „Павел Шатев” против одлуката на Државната комисија за спречување на корупција донесена во средата. Станува збор за одлука со која ДКСК утврдува дека Академијата ги прекршила законите со тоа што не го стопирала процесот на селекција на кандидати.

Судот ја поништил одлуката на ДКСК и го вратил предметот на повторно одлучување на тужениот орган.

Претставката до ДКСК беше поднесена од претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска - Давкова. Таа се обрати пред судскиот совет за да ги аргументира причините поради кои се обратила до антикорупционерите.

Нетанјаху: Израел е силен, ќе ги победиме сите непријатели

Архивска фотографија, Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
Архивска фотографија, Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „Израел е силен“ по објавата на израелските власти со кои се потврдува информацијата дека Иран лансира беспилотни летала кон Израел.

Нетанјаху во видео обраќање, објавено на неговиот профил на социјалната платформа „Х“ порано позната како Твитер, рече дека израелската армија е подготвена за одбрана.

„Државата Израел е силна, Израелските одбранбени сили се силни, народот на Израел е силен“, напиша Нетанјаху на Х, само четири минути по објавата за очекуваниот напад од Иран.

„Заедно ќе стоиме, и со Божја помош – заедно ќе ги победиме сите наши непријатели“, изјави тој.

Сирени се огласија во пограничниот дел на Израел во близина на границата со Либан, соопшти израелската војка.

Овој потег на Техеран доаѓа на само неколку часа откако иранската морнарица заплени брод поврзан со Израел во Ормутскиот Теснец, поттикнувајќи стравувања од распространет конфликт на Блискиот Исток.


Портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари изјави дека одбраната на Израел е подготвена да се справи со нападот.

Израелските воздухопловни власти соопштија дека израелскиот воздушен простор ќе биде затворен за сите летови пред претстојното пристигнување на иранските беспилотни летала и дека сирените ќе се огласат во областите на потенцијални напади.

Во меѓувреме египетското Министерство за надворешни работи повика на примена на „најголема воздржаност“ за да се поштеди регионот и неговиот народ од дополнителни фактори на нестабилност и тензии, јавува новинската агенција Ројтерс.

Бајден на состанок со тимот за национална безбедност, САД вети поддршка за Израел

Американскиот претседател Џо Бајден
Американскиот претседател Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден го прекина викенд престојот во неговата куќа на плажа во Делавер за да се сретне со неговиот тим за национална безбедност во Белата куќа во саботата (на 13 април) од каде ќе ја следи ситуацијата на Блискиот Исток додека Иран започна напад против Израел, јавува новинската агенција Асошиетет прес.

Тензиите се на највисоко ниво од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас пред шест месеци, откако осомничениот израелски напад овој месец врз иранската конзуларна зграда во Сирија загинаа 12 лица, вклучително и двајца високи ирански генерали во елитните воени сили.

Иран вети дека ќе му возврати на Израел, а американските и израелските власти се подготвуваа за напад, предизвикувајќи загриженост за ескалација на конфликтот во поширока регионална војна.


Портпаролот на Советот за национална безбедност, Адриен Вотсон, во саботата изјави дека „Иран започна воздушен напад против Израел. САД ќе застанат со народот на Израел и ќе ја поддржат неговата одбрана од овие закани од Иран“.

Бајден се качи на претседателскиот хеликоптер од паркот во близина на неговата куќа во плажата Рехобот, Делавер, за да се врати во Вашингтон во саботата попладне, непосредно пред израелските власти да потврдат дека забележале лансирање на беспилотни летала кон нивната територија од Иран.

Пентагон објави дека секретарот за одбрана Лојд Остин разговарал со својот израелски колега „околу итните регионални закани... и јасно ставиле до знаење дека Израел може да смета на целосна поддршка од САД за да го одбрани Израел од какви било напади од Иран и неговите регионални посредници“.

Советникот Џејк Саливан, исто така, разговараше со својот колега за да ја зајакне „железната посветеност на Вашингтон за безбедноста на Израел“.

Бајден во петокот рече дека САД се „посветени“ на одбраната на Израел и дека „Иран нема да успее“. На прашањето од новинарите која е неговата порака за Иран околу можниот напад врз Израел, единствениот одговор на Бајден беше: „Немој“.

САД, заедно со нивните сојузници, испратија директни пораки до Техеран за да предупредат од понатамошна ескалација на конфликтот.

За време на конфликтот меѓу Израел и Хамас кој владее со Газа и е означен како терористичка група од страна на Соединетите Американски Држави и Европската Унија, имаше речиси секојдневна размена на оган меѓу израелските сили и милитантната група Хезболах поддржана од Иран долж границата меѓу Израел и Либан.

Американските власти регистрирале повеќе од 150 напади на милитанти поддржани од Иран во Ирак и Сирија врз американските сили во базите во тие земји од почетокот на војната на 7 октомври.

Иран лансира беспилотни летала кон Израел

Илустрација, ирански беспилотни летала
Илустрација, ирански беспилотни летала

Израелската војска доцна вечерва (на 13 април) соопшти дека Иран лансирал десетици беспилотни летала кон Израел и дека времето на летот на дроновите може да трае со часови. Овој потег на Техеран доаѓа на само неколку часа откако иранската морнарица заплени брод поврзан со Израел во Ормутскиот Теснец, поттикнувајќи стравувања од распространет конфликт на Блискиот Исток.

Портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари изјави дека одбраната на Израел е подготвена да се справи со нападот.

Израелските воздухопловни власти соопштија дека израелскиот воздушен простор ќе биде затворен за сите летови пред претстојното пристигнување на иранските беспилотни летала и дека сирените ќе се огласат во областите на потенцијални напади.

Два ирачки безбедносни извори изјавија за Ројтерс дека десетици дронови се забележани како летаат од Иран во правец на Израел.

Напад од Техеран се очекуваше во Израел по осомничениот израелски воздушен напад врз комплексот на иранската амбасада во Дамаск, Сирија, на почетокот на минатиот месец, во кој загинаа двајца бригадни генерали.


Лидерите во Техеран предупредија на одмазднички напад, додека американскиот претседател Џо Бајден, го предупреди Иран дека при каков било напад врз Израел, Вашингтон целосно ќе го поддржи Израел.

Израел претходно во текот на денот најави затворање на училиштата во земјата и рече дека војската е во состојба на готовност во очекување на можен ирански напад.

Ковачевски-Немало состанок за уставните измени во вила Водно

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски
Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски

Ниту имало некаков состанок во вила „Водно“ на кој се разговарало за какви било измени и на кој било закон, ниту со тие измени се планирало какво било гласање на уставните измени. Ова го изјави лидерот на владејачката СДСМ Димитар Ковачевски на новинарско прашање за тврдењето на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека пред неколку месеци Ковачевски заедно со Артан Груби и Али Ахмети од ДУИ правеле планови за уставни измени во вилата на актуелниот претседател Стево Пендаровски.

„Со индигнација ги отфрлам тие инсинуации“, рече Ковачевски.

Еден од клучните фактори во преговорите за новото владејачко мнозинство, по парламентарните избори кои ќе се одржат на 8 мај ќе биде и донесувањето на уставните измени со кои Бугарите и пет други етнички малцинства треба да станат дел од македонскиот Устав. Измените на Преамбулата се услов со кој ќе се овозможи продолжување на преговорите со Европската Унија.

Албанскиот политички блок во земјава, како клучен услов за коалицирање со македонски партнер во Владата по изборите го наметнува донесување на уставните измени веднаш по конститутивната седница во Собранието која ќе треба да се одржи најдоцна до 29 мај.

Процесот за уставните измени во Собранието беше започнат на 18 август минатата година, но тогашниот собраниски спикер Талат Џафери ја прекина седницата затоа што вледејачката коалиција на СДСМ и ДУИ не успеа да го обезбеди двотретинското мнозинство неопходно за отворање на Уставот.

Германија ќе испрати дополнителен „Патриот“ систем во Украина

Илустрација
Илустрација

Германија ќе испрати дополнителен систем за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина за да ја зајакне нејзината тешко притисната војска и да и помогне да ги одбрани зголемените руски воздушни напади, соопшти Берлин на 13 април.

„Поради зголемувањето на руските воздушни напади против Украина, германската влада одлучи дополнително да ја зајакне украинската воздушна одбрана“, се вели во соопштението на германското Министерство за одбрана.

Претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина треба да подготви „значаен персонал“, вклучително и резервни сили, за да ги запре најновите офанзивни операции на Русија.


Ситуацијата на фронтот во моментов е „тешка, но стабилизирана“, рече Зеленски, говорејќи во интервјуто емитувано на украинската телевизија на 6 април.

Зеленски, исто така, го повтори апелот на Украина за испорака на системот за противвоздушна одбрана Патриот, предупредувајќи дека Украина може да остане без проектили што се користат за одбрана од руски воздушни напади врз енергетскиот систем, населените места и градовите.

Иранската војска заплени „израелски“ брод во близина на Ормутскиот теснец

Илустрација
Илустрација

Иранска војска, Исламска револуционерна гарда заплени брод во близина на Ормутскиот теснец, за кој тврди дека е во сопственост на израелски милијардер, објавија иранските државни медиуми.

Како одговор, Израел го обвини Иран за пиратерија и рече дека Иран „ќе ги сноси последиците“ од ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток.

Бродот „MSC Aries“, кое плови под знамето на Панама, кој наводно е управуван од бродска компанија делумно во сопственост на израелски милијардер, беше запленет на 13 април и беше префрлен во иранските територијални води, јавува иранската државна новинска агенција ИРНА.

Инцидентот доаѓа во време на засилени тензии меѓу Иран и Западот поради продолжувањето на војната во Појасот Газа и по осомничениот израелски напад врз иранскиот конзулат во Сирија овој месец.

Иран, кој ги гаѓаше меѓународните и израелските бродови во Црвеното Море во знак на поддршка за Палестинците во Газа, вети дека ќе се одмазди за нападот на 1 април во кој загинаа седум ирански воени лица, вклучително и еден висок командант на Исламската револуционерна гарда.

По инцидентот, портпаролот на израелската војска на 13 април рече дека „Иран ќе ги сноси последиците што ќе избере дополнително да ја ескалира ситуацијата“.

„Израел е во состојба на висока готовност. Ја зголемивме нашата подготвеност да го заштитиме Израел од понатамошна иранска агресија“, се вели во соопштението на контраадмиралот Даниел Хагари.

Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, подоцна изјави дека Иран бил предводен од „криминален режим кој ги поддржува злосторствата на Хамас и сега спроведува пиратска операција што го крши меѓународното право“.

„Ја повикувам Европската унија и слободниот свет веднаш да го прогласат корпусот на иранската [исламска] револуционерна гарда за терористичка организација и да го санкционираат Иран сега“, изјави Кац.

Одмаздничката војна на Израел во Газа беше предизвикана од нападот на израелска територија извршен од Хамас, кој владее со Газа и е означен како терористичка група од страна на Соединетите Американски Држави и Европската Унија, на 7 октомври.


Во израелската инвазија на Појасот Газа, чија цел беше уништување на Хамас, загинаа повеќе од 33.000 Палестинци, соопшти Министерството за здравство на палестинската територија.

Од почетокот на војната, Техеран отворено ги поддржува милитантните групи и посредници кои го таргетираат Израел кои се дел од иранската „оска на отпор“ против Израел и Западот, што доведе до загриженост за поширок конфликт на Блискиот Исток во кој се вклучени археолошките непријатели Иран и Израел.

Несреќа во Анталија, 29 луѓе чекаат спасувачи да ги симнат од жичарницата

Несреќа во турската Анталија, спасувачките екипи се обидуваат да спасат уште 29 луѓе
Несреќа во турската Анталија, спасувачките екипи се обидуваат да спасат уште 29 луѓе

Најмалку еден човек загина, а десетина други се повредени при несреќа со жичарница во Анталија, град во јужниот дел на Турција. Несреќата настанала синоќа кога кабина од жичарницата удрила во оштетен потпорен столб, соопштија турските власти.

Еден од столбовите на жичарницата, од засега непознати причини се урнал, а луѓето во кабината, која се распаднала по ударот во столбот, паднале на карпеста површина.

Во текот на ноќта беа евакуирани 137 патници од 19 кабини, а уште 29 луѓе чекаат да бидат спасени и висат во една од кабините. Во спасувачката операција учествуваат осум хеликоптери и повеќе од 600 спасувачи. Сè уште се истражуваат причините за несреќата.

Шолц во тридневна посета на Кина

Архивска фотографија
Архивска фотографија

Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг. Шолц денеска (на 13 април) отпатува во тридневна посета на Кина. Покрај Пекинг, Шолц ќе ги посети и градовите Чонгкинг и Шангај.

Кина е најважниот трговски партнер на Германија, па Шолц ќе биде придружуван од десетина менаџери на водечки германски компании.

Во германската делегација се и министерот за земјоделство Џем Оздемир, министерот за транспорт Фолкер Висинг и министерката за животна средина Штефи Лемке.

Тоа е второ патување на Шолц во Кина откако ја презеде функцијата кон крајот на 2021 година.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG