Достапни линкови

Оптимизам околу решението за името?


Македонскиот и грчкиот премиер, Груевски и Папандреу
Македонскиот и грчкиот премиер, Груевски и Папандреу

За разлика од Скопје, европските дипломати освен со поттик за решавање на прашањето за името, се повеќе настапуваат и со оптимизам дека проблемот се приближува кон крајот. Оптимизмот меѓу другото го гледаат и во директните средби меѓу македонскиот и грчкиот премиер, Груевски и Папандреу.

Иако во Скопје не постои многу надеж дека прашањето за името ќе се реши наскоро, европските дипломати освен со поттик спорот да се затвори, настапуваат се повеќе и со оптимизам дека тој и се приближува кон ваква разрешница. По изгласаната резолуција во ЕП, известувачот за Македонија, Зоран Талер изјави дека гледа волја кај властите во Скопје и во Атина за надминување на спорот, а
Веруваме дека тоа што се одржуваат директните средби помеѓу премиерите Груевски и Папандреу е многу важно и навистина го почитуваме, го охрабруваме и го поддржуваме лидерството што го покажаа премиерите
претходно и министерот за надворешни работи на земјата претседавач со Унијата Шпанија, Моратинос изјави дека е можно решение во текот на овие шест месеци. ВД амбасадорката на Шпанија во Скопје, Гарсија де Лара во интервјуто за Радио Слободна Европа коешто ќе се емитува в недела ваквиуот оптимизам и го образложи.

„Веруваме дека тоа што се одржуваат директните средби помеѓу премиерите Груевски и Папандреу е многу важно и навистина го почитуваме, го охрабруваме и го поддржуваме лидерството што го покажаа премиерите Груевски и Папандреу во продолжувањето на директните разговори. Така што да, ние веруваме дека постојат сигнали за оптимизам и дека понатамошен напредок е возможен во најскоро време.“

Поранешниот министер за надворешни работи, Слободан Чашуле вели дека оптимизам гледа единсвено во можноста целиот процес да се деблокира врз некаква правна основа како и во придржувањето на премиерите на Македонија и на Грција до препораките од Европа да ги зачестат контактите но не и во реалната можност да се постигне компромис за името. Таков компромис според Чашуле е невозможен особено поради актуелната економска и социјална состојба со којашто се соочува грчката влада на домашен терен.

,,Според тоа едно е подобрување на атмосферата, а друго е колку ќе трае процесот на можно доближување. Јас мислам дека тој ќе трае
Според тоа едно е подобрување на атмосферата, а друго е колку ќе трае процесот на можно доближување
онолку колку што ќе траат македонските преговори за зачленување во ЕУ."

Професорот Осман Кадриу пак во оптимизмот во изјавите на европски претставници повеќе гледа како на притисок но и како на индивидуални изјави а не ставови на европските институции.

,,Логично што релевантните европски структури вршат притисок покажуваат одреден отпимизам, но на крајот и тие завршуваат со обврската за Владата на РМ, тоа што е ветено и да се реши."

вели Кадриу.
XS
SM
MD
LG