Достапни линкови

Решение за името, приоритет за Владата?


Зградата на Владата на РМ
Зградата на Владата на РМ

Останува ли приоритет за Владата, решавањето на проблемот за името? Ова прашање се спомува на маргините на најавата на следните приоритети. Експертите велат дека тоа не значи давање помала важност на прашањето за името, но и дека можеби со доза на песимизам Владата се ориентира и кон други надежи кои би помогнале да се остварат целите.

За министерите во владата и по вчерашното експозе на министерот за надворешни работи Антонио Милошоски како и по изјавата на министерот за одбрана Коњановски јасно е дека останува да биде приоритет напредувањето кон ЕУ и НАТО. Остварувањето на оваа агенда останува нејасно откако годинава што измина уште еднаш потврди дека патот до остварувањето на овие крупни цели за Македонија води преку надминувањето на спорот за името со моќниот соговорник на другата страна, Грција којашто е членка на ЕУ
По се изгледа дека очекуваме тоа прашање да не биде решено и затоа сега се ангажираме со други активности, преку другите европски релеванти органи и структури да сепак дојдеме до оние цели кои што ги сакаме како држава
. Сепак ова прашање се спомува на маргините на најавата на следните приоритети. Експертите велат дека вака наредените приоритети не значат и давање помала важност на прашањето за името, но и дека можеби со доза
Последната средба меѓу Груевски и Папандреду
на песимизам Владата се ориентира и кон други надежи кои би помогнале да се остварат целите.

,,По се изгледа дека очекуваме тоа прашање да не биде решено и затоа сега се ангажираме со други активности, преку другите европски релеванти органи и структури да сепак дојдеме до оние цели кои што ги сакаме како држава."

Вели професорот Осман Кадриу. Кај дел од експертите пак преовладува очекување дека на сметка на усложнетото прашање со непопустливоста на двете страни демонстрирана особено кон крајот на годинава, ќе се смени распоредот на силите под влијание на економската криза во Грција. Од ова пак се очекува и дека преговарачката позиција на Грција ќе ослабне. Тоа според поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле би водело низ негирање на последниот аргумент на Грција, лоши добрососедски односи.

,,И следниот нејзин чекор најверојатно ќе биде да ,,истргува" прием на Македонија во НАТО и започнување на преговорите за да се
И следниот нејзин чекор најверојатно ќе биде да ,,истргува" прием на Македонија во НАТО и започнување на преговорите за да се спаси од банкротот
спаси од банкротот кој што практично не само што и претстои, туку веќе го живее."

Пред Македонија останува условот да го реши прашањето за името и тоа е веќе наметнато како услов. Дали овој услов ќе може да го заобиколи е тешко да се предвиди и е многу неизвесно додава професорот Осман Кадриу според кого сепак разговарање за идентитетот е недозволиво. Пред собраниската комисија за надворешни работи министерот Милошоски најави и дека Македонија нема да ја повлече тужбата во Хаг против Грција за кршење на времената спогодба и дека се надева на успешна завршница на целиот процес.
XS
SM
MD
LG