Достапни линкови

Откупните цени константен проблем за земјоделците


Земјоделска површина
Земјоделска површина

Владата мора да посредува на релација откупувачи и производители и да изнајде механизми во ситуација кога трудот на земјодеците се откупува помалку од цената на чинењето, велат експертите. Незадоволство поради откупната цена годинава имаше и кај производителите на житни култури, производителите на грозјe и други.

Владата мора да посредува на релација откупувачи и производители и да изнајде
механизми во ситуација кога трудот на земјодеците се откупува помалку од цената на чинењето, велат експертите откако производителите на грозје почнаа со блокади пред „Тиквеш“ да бараат грозјето да се откупува по ланските цени. Илија Каров професор на Земјоделскиот факултет во Штип вели дека поради развивањето на пазарните законитости владата не е во состојба да влијае врз цената по која доработувачите к ги откупуваат производите на земјоделците, но изразува критики ека не смее да се дозволува состојба во која профитот ке се прелева кај откупувачите на сметка на земјоделците.

„Преработувачите ги доведоа на колена да клекнат земјоделците. Вие имате средства да земете кредит, и одеднаш доаѓаат 2 илјади тони, брашно и пченица пред сезоната, а сега немате пари да платите она што е основно. Да се седне да се разговара, тоа е основно што Владата треба да посредува.“
Треба да се седне да се разговара, меѓутоа гледате се менуваат министри, се менуваат многу други работи и работите излегуваат од колесек. Состојбата и со лозарите и градинарите и производителите на жито, мислам дека е хаотична состојба која што поскоро треба да се седне и да се реши


Незадоволство поради откупната цена годинава имаше и кај производителите на житни култури како и во градинарското производство. Каров нагласува дека порано се водело сметка да има покриеност на прозиводствените трошоци и цената на чинење на земјоделците за да може дел од заработувачката да остане и за нив и со тие пари да купат семе што ке го посеат наредната година. Од здруженијата на откупувачи и доработувачи велат дека тие цените ги формираат пазарно односноспоред цените во регионот:

„Значи се формира од околните земји. Секогаш викаме дека е најдобро нашето, само треба да име баланс меѓу цената што е увозна со нашата. Како може ако е странство да е 8 денари, слободен увоз имаме, а некој да плаќа 12 денари.“

вели Румен Смилевски. За да се олесни исплатата на грозјето, државата обезбеди поволни кредити за винарите, со пет отсто камата Претходно за житните култури имаше стимулација од два денара. Но, тоа не е доволно:

„Треба да се седне да се разговара, меѓутоа гледате се менуваат министри, се менуваат многу други работи и работите излегуваат од колесек. Состојбата и со лозарите и градинарите и производителите на жито, мислам дека е хаотична состојба која што поскоро треба да се седне и да се реши.“

За илусртарција минатата година за „Смедеревката“ визбите даваа по 9 денари за килограм, а за „вранецот“ по 12,5 денари. Моментно, килограм „Вранец“ се откупува за седум до 11 денари. Од годинашниот род грозје, во Тиквешијата засега се обрани само 15 отсто, а останатите 85 проценти остануваат на нивите.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG