Достапни линкови

Колку ќе чини и потребен ли е мостот ,,Око“ на Вардар?


Скопје
Скопје

Нема официјални информации колку ќе чини инвестицијата за изградба на новиот мост ,,Око“ на реката Вардар. Експертите велат дека овој мост, целосно ќе го ,,покрие„ видикот на Камениот Мост, а потсетуваат и на ветувањето за кратење на непродуктивните трошоци во услови на криза.

Најавуваниот во текот на изборната кампања на локалните избори, мостот „Око“ на реката Вардар стаса до камен темелник. Во недостиг на официјални информации за вредноста на инвестицијата, јавноста располага со податок дека станува збор за сума од околу 2 милиони евра. Според градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ во инвестицијата ќе се бара и учество на Владата. Новиот пешачки мост замислен во форма на ОКО треба да ги поврзе новата зграда на Уставниот суд со Градскиот трговски центар, според градоначалникот Тодоровиќ ќе придонесе за подбро поврзување на левата и десната страна на реката Вардар и за урбанизирање на левата страна од кејот на Вардар. Професорот Мирослав Грчев од Архитектонскиот факултет има забелешки, како на транспарентноста на постапката за изградбата на вака значајни објекти во главниот град така и на самата идеја на одредената локација да се појави новиот
Идејата блиску до Камен Мост да се прави друг мост, е од еден аспект чисто градски, амбиентален, архитектонски, урбанистички, тоа е неверојатно штетно затоа што ќе го покрие погледот на Камен Мост, практично ќе го избрише од градскиот пејсаж од целиот потег на Кејот 13-ти Ноември
мост.

„Идејата блиску до Камен Мост да се прави друг мост, е од еден аспект чисто градски, амбиентален, архитектонски, урбанистички, тоа е неверојатно штетно затоа што ќе го покрие погледот на Камен Мост, практично ќе го избрише од градскиот пејсаж од целиот потег на Кејот 13-ти Ноември.“

Инвестициите во градот не мора секогаш да имаат финансиска оправданост вели професорот Сашо Арсов од Економскиот факултет, но во случајов е прашање дали е погоден моментот, зошто, како што појаснува, во периодов додека трае кризата а со оглед на тоа што издвоената сума пари може да расте под притисок на каматите.

„Мене затоа ми се чини прилично голем залак во моментов, кога ете државата губи пари во буџетот, позајмува и слично. Нели се рече дека оние инвестиции што немаат директа економска корист во моментот, што не се продуктивни, дека ќе бидат одложени. Ова би требало да биде во тие.“

Вели Арсов. Дополнителен проблем со оваа но и со изградната на други објекти кои се предвидени со најновите измени на деталниот урбанистички план за општина центар е транспарентноста, посочува Грчев. И самиот без доволно информации околу најновиот архитектонски зафат, вели дека во ваквите случаи е потребно учество и пошироки дискусии во рамките на стручната јавност за да се избегнат урбанистичките и архитектонски грешки.
XS
SM
MD
LG