Извештајот од ЕК за името и евентуална поголема активност на домашните политички актери поради овие настани и поради досегашната слаба комуникација на релација власт-опозиција, се настани околу кои домашните аналитичари ги врзуваат движењата на политичката сцена кои се очекуваат за есенва што претстои. За професорот Мерсел Биљали клучното прашање од кое ќе зависат сите други политички процеси во земјава е како ќе продолжат преговорите за името особено поради тоа што позициите по ова преашање во овој момент ги гледа за изменети.
„Грција е сега практично таа што не е толку заинтересирана преговирите да ги заврши, од причина што се размислува наскоро да одат
Контактите беа сведени на минимум меѓу власта и опозицијата, со оглед на карактерот на овие проблеми или прашања кои што треба да се затворат, мислам дека би моралао на некој начин тоа да се реши
Овие важни прашање според аналитичарите ќе бараат поголем степен на консензус и на согласност меѓу домашните политички актери, а оваа задача се наметнува како особено важна пред прашањата со кои земјата треба да се соочи во наредниве неколку месеци. Доколку се добие позитивен извештај од Европската Комисија тоа би значело придонес кон создавање позитивна клима на внатрешно-политички план. За поактивна улога од самите учесници во политичката игра како и во насока на преземање обиди за меѓусебно приближување во очи соочувањето со вака важните прашања за државата се чини ќе мора да придонесат и самите, вели политикологот Владимир Божиновски.
„Контактите беа сведени на минимум меѓу власта и опозицијата, со оглед на карактерот на овие проблеми или прашања кои што треба да се затворат, мислам дека би моралао на некој начин тоа да се реши.“
Засега без можност за прецизна анализа за аналитичарите остануваат проценките дали земјава есенва ќе покаже дипломатска умешност и цврста заинтересираност да ги презентира сите аргументи пред меѓународниот фактор за да успее даги сврти политиките комбинаторики во своја полза и есенва да ја одбележи со успех за земјава како и дали внатрешно-политичките движења ќе покажат сериозност во креирање на неопходната обединувачка сила и политичка сплотеност кога се државните интереси во прашање.