Достапни линкови

Странските пазари недостапни за македонските фирми


Македонските компании имаат потешкотии во склучувањето на договори за соработка со странски партнери. Малите и средните компании главно се ориентираат да работат за домашниот пазар и шансите да добијат на тендер кој го распишува странски инвеститор се минимални доколку планираат да настапуваат самостојно.

Со исклучок на неколку поголеми компании кои се присутни на странскиот пазар,
останатите македонски градежни компании учествувале на тендери кои се спроведуваат во Македонија, а нивни инвеститори се странци, додека за поголемиот дел од малите и средните градежни фирми имаат тешкотии за склучување договори со странски партнери. Сеат Кочан претседател на Здружениетo за градежништво при Сојузот на Стопански комори вели дека малите и средните компнии главно се оринтираат да работат за домашниот пазар и оти шансите да добијат на тендер кој го распишува странски инвеститор се минимални доколку планираат да настапуваат самосотојно без подршка од некоја поголема компанија.
Значи многу тешко, значи треба веќе да сме пробиени на тој пазар, па нешто да се направи. Инаку да аплицирате на тендер, тоа е скоро невозможно


„Значи многу тешко, значи треба веќе да сме пробиени на тој пазар, па нешто да се направи. Инаку да аплицирате на тендер, тоа е скоро невозможно.“

Драган Николов е претставник на градежна компанија која има позитивно исксуство од
Учеството на тендери за работа кои во Македонија ги распишуваат странски приватни инвеститори или влади од други земји во вид на донации наменети за проекти кај нас. Ако се работи за посложени проекти докуманцијата брои од 1000 страници од кои 900 се однесуваат на технички детали, за разлика од кај нас каде тоа е помалку обемно. На тендерите кои ги распишуваат старнските инвеститори се бара да се совлададат спецификите ан нивната легислатива, течнички податоци, и осбено се инсистира на финсикиет аспекти и исполнувањето на временските рокви, наведува Николов:

„Секој еден проект, 90 отсто е загрозен само ако се пробие рокот, она на што странците особено внимаваат. И посебно она еднаш што ќе се договориме не треба да се менува, да речеме да не барате алтернативни технички решенија и слично. Ако се придржувате кон тоа генерално, во принцип со нив немате проблеми и исплатата согласно завршените фази на работа, оди во еден нормален рок.“
Секој еден проект, 90 отсто е загрозен само ако се пробие рокот, она на што странците особено внимаваат


Кирил Богоев е претствник на компанија која се занимава со производство и продажба на вино. Нивните производи се присутни и во Финска и Шведска. Комапнијата е задоволна што ги добила тендерите, но Богоев наведува дека како последица на кризата во економијата во оваа гранка годинава се чувствува намалувањето на цените за нивното вино:

„Уште во старт се намалуваат цените за понуда. Ако лани било 100, сега се почнува со 80 круни.“

Николов вели дека кај нас е намален бројот на тенери кои се распишуваат за големите капитални проекти. Досега градежните компании имаа работа бидејки ги завршуваа проектите започнати пред кризта, но општо се чувствува намелната активнсот бидејки прогнозите со колква удел ке биде рецесијата. Оние што имаат срества да инвестираат во меѓувреме се воздржани зошто чекаат да видат како ке се развиваат прогнозите за тоа со колкав удел ќе биде влијанието на рецесијата.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG