Охридскиот Рамковен договор, потпишан ова време пред осум години мора да се имплементира целосно, што го поддржувам јас, придружувајќи се на заложбите и на амбасадорот на ЕУ Ерван Фуере, а во што и досега доста има помогнато владата на САД. Тоа е многу важно за иднината и просперитетот на Македонија, и затоа САД ја подржува примената на овој договор и на збор и со дух, изјави во Охрид Американскиот амбасадор во земјава Филип Рикер.
„Охридскиот договор е рамка според која државата, политичките и други лидери и граѓаните треба да работат за да се постигне подобар живот и развој во Македонија. Има некои закони предвидени со договорот на кои уште треба да се работи, како оној за јазиците, донесен лани што го поддржуваме, но сега треба да се најде начин за негово имплементирање, преку дијалог на политичките партии и различните етнички групи. Важен тука е и процесот на децентрализацијат,кој мора да се заврши со зголемувањето на моќта на локалната власт, што е важна тема во моите разговори со градоначалниците и ЗЕЛС.“
Порача Рикер,кој во врска со заканите за излегување на ДПА од парламетот и политичката клима кај партиите, со став дека меѓународната заедница ја поддржува примената на законите и почитувањето на институциите.
„Било која партија што ќе се обиде да се оттргне надвор од институциите си ја намалува својата важност, улога и моќ во политиката и во државата. Единствено институциите и парламентот се место каде претставниците избрани со гласовите од народот треба да дискутираат и да ги претстават своите ставови.“
Сугерира Рикер кој го поддржува работењето внатре во институциите на системот. Во врска со заканите на Бугарија по Грција за евентуално вето за влезот на Македонија во ЕУ и НАТО, по актуелизирањето на случајот со Спаска Митрова, американскиот амбасадор во земјава порача дека сите страни треба да се воздржат од шпекулации, а Македонија и Бугарија како соседи треба да дискутираатдипломатски за да ги решат меѓусебните проблеми.
„Позната е позицијата на САД кои ја поддржуваат Македонија во процесот за полноправно членство во НАТО и ЕУ. “
Вели Американскиот амбасадор Филип Рикер, кој ни порача да не правиме проблеми таму кај кој што тие не постојат. Рикер се сретна со Охридскиот градоначалник Александар Петрески и Струшкиот Рамиз Мерко, како и со лидерите на локалниот развој, а тој ги посети Хидробиолошкиот институт и Младинскиот совет во Охрид.
Има некои закони предвидени со договорот на кои уште треба да се работи, како оној за јазиците, донесен лани што го поддржуваме, но сега треба да се најде начин за негово имплементирање, преку дијалог на политичките партии и различните етнички групи
„Охридскиот договор е рамка според која државата, политичките и други лидери и граѓаните треба да работат за да се постигне подобар живот и развој во Македонија. Има некои закони предвидени со договорот на кои уште треба да се работи, како оној за јазиците, донесен лани што го поддржуваме, но сега треба да се најде начин за негово имплементирање, преку дијалог на политичките партии и различните етнички групи. Важен тука е и процесот на децентрализацијат,кој мора да се заврши со зголемувањето на моќта на локалната власт, што е важна тема во моите разговори со градоначалниците и ЗЕЛС.“
Порача Рикер,кој во врска со заканите за излегување на ДПА од парламетот и политичката клима кај партиите, со став дека меѓународната заедница ја поддржува примената на законите и почитувањето на институциите.
„Било која партија што ќе се обиде да се оттргне надвор од институциите си ја намалува својата важност, улога и моќ во политиката и во државата. Единствено институциите и парламентот се место каде претставниците избрани со гласовите од народот треба да дискутираат и да ги претстават своите ставови.“
Сугерира Рикер кој го поддржува работењето внатре во институциите на системот. Во врска со заканите на Бугарија по Грција за евентуално вето за влезот на Македонија во ЕУ и НАТО, по актуелизирањето на случајот со Спаска Митрова, американскиот амбасадор во земјава порача дека сите страни треба да се воздржат од шпекулации, а Македонија и Бугарија како соседи треба да дискутираат
Позната е позицијата на САД кои ја поддржуваат Македонија во процесот за полноправно членство во НАТО и ЕУ