Достапни линкови

Владата и НБМ со различни прогнози за економскиот раст


Влда на РМ
Влда на РМ

Народната Банка предвидува негативни трендови за домашната економија во наредниот период, додека Владата и натаму пласира оптимистички прогнози за економскиот раст.

Владата и Народната банка повторно излегоа со спротиставени прогнози за економскиот раст до крајот на годинава. Додека НБРМ ги ревидираше проекциите за раст, предвидувајки негативни трендови во домашната економија, Владата и понатаму пласира оптимистички прогнози за раст, посебно во четвртиот квартал на годинава. Кој е во право и како влијаат различните прогнози врз економските субјекти во Македонија? Експертите се согласуваат дека оптимизмот на владата има политичка позадина. Владимир Глигоров од Виенскиот економски институт вели дека владините институции најчесто се поголеми оптимисти од Централната банка.
„Конзистентно, веќе подолго време јас мислам дека владата е пооптимистична од Централната Банка и од ММФ


„Конзистентно, веќе подолго време јас мислам дека владата е пооптимистична од Централната Банка и од ММФ, и од сите други кои се занимаваат со македонското стопанство.“

Глигоров додава дека владиниот оптимизам не влијае негативно на економските субјекти во Македонија

„Mислам дека инвеститорите повеќе гледаат кои се реални можности со осврт на тоа со што се соочуваат, а главно се соочуваат со намалување на производството и намалување на побарувачката.“

Од Центарот за економски анализи посочуваат дека досегашните владини прогнози не се оствариле. Шенај Хаџимустафа вели дека и Владата и Народната банка ги базираат своите прогнози на официјални податоци од Државниот завод за статистика
Mислам дека инвеститорите повеќе гледаат кои се реални можности со осврт на тоа со што се соочуваат.


„Друга работа е кој како сака да ги толкува, затоа што на почетокот на годината се прават прогнози за растот на БДП за Македонија како и во процесот на ребалансот на буџетот на државата, значи и тогаш имаше раст и базата на информации беше иста меѓутоа и Народната Банка и Министерството за финансии дадоа различни проекции за 2009-та година, значи можеби повеќе е политички и кој како сака да ги толкува работите.“

Инаку, од Народната банка предвидуваат намалување на личната потрошувачка како последица на затегната кредитна политика на банките и пад на инвестициите од 25% на годишно ниво.
XS
SM
MD
LG