Македонија не преговара со Меѓународниот монетарен фонд, иако тие и понудија помош на земјава. Но од Министерството за финансии велат дека не ја исклучуваат можноста доколку има потреба поради светската економска криза да побараат заем од нив. Време е земјава да започне прговори со фондот, бидејќи има влошување во трговскиот биланс и намалување на девизните резерви, кои влијаат пред се врз стабилноста на денарот вели Љупчо Зиков од економскиот совет за глобална соработка. Доколку не оствари аранжман Владата мора да најде начин, како да ја зајакне домашната економија. Но подигнување на кредит од друго место наместо од ММФ не се исплати вели тој.
„Кредит од ММФ по камата ве чини два посто, додека комерцијалните кредити што владата сака да ги земе од другите комерцијални банки е некаде 9,5 – 10 отсто. Само по себе кажува дека со многу скапи кредити се задолжуваме на меѓународниот пазар. За да платите толкава камата, треба економијата да генерира многу профит и финансиски средства на среден и долг рок за да ги вратите кредитите, а прашање е во каква состојба е нашата економија сега.“
Аранжман со ММФ е повеќе од потребен поради ниските камати и контрола на расходот во буџетот и финансиите во земјава вели професорот Ванчо Узунов. Може да издржиме и без нив, но граѓаните ќе ги почуствуваат последицитевели тој.
„Никој не може да ве натера да позајмите ефтино, ако сакате да позајмите скапо. Ако некој ви даде одело за 200 евра, ама вие сте решиле да купите полошо одело за илјада евра, секоја чест, но цената што ќе ја платат граѓаните на оваа држава, нашите деца, ќе биде преголема. Никој нема право да ги осудува идните генерации.“
Доколку Владата склучи договор со ММФ најверојатно ќе треба да се откаже од финансирање на некои од најавените проекти, па затоа таа сеуште не се решава на овој потег вели Зиков.
„ММФ со давањето на тие кредити ќе го бара и надзорот на трошење на парите. Како и многу години до сега, ќе ја бара извесноста на враќање на парите. Претпоставувам дека македонската влада не го сака овој аранжман поради овие причини. Во голема мера и рејтингот на владата и владеачката партија се потпира на овие проекти кои се ветени дека ќе се направат.“
Од соседните земји веќе Албанија, Србија и Босна и Хецеговина земаа заем од ММФ. Додека пак Хрватска, како и нашата земја сеуште не побарала.
За да платите толкава камата, треба економијата да генерира многу профит и финансиски средства на среден и долг рок за да ги вратите кредитите, а прашање е во каква состојба е нашата економија сега
„Кредит од ММФ по камата ве чини два посто, додека комерцијалните кредити што владата сака да ги земе од другите комерцијални банки е некаде 9,5 – 10 отсто. Само по себе кажува дека со многу скапи кредити се задолжуваме на меѓународниот пазар. За да платите толкава камата, треба економијата да генерира многу профит и финансиски средства на среден и долг рок за да ги вратите кредитите, а прашање е во каква состојба е нашата економија сега.“
Аранжман со ММФ е повеќе од потребен поради ниските камати и контрола на расходот во буџетот и финансиите во земјава вели професорот Ванчо Узунов. Може да издржиме и без нив, но граѓаните ќе ги почуствуваат последиците
Никој не може да ве натера да позајмите ефтино, ако сакате да позајмите скапо. Ако некој ви даде одело за 200 евра, ама вие сте решиле да купите полошо одело за илјада евра, секоја чест, но цената што ќе ја платат граѓаните на оваа држава, нашите деца, ќе биде преголема. Никој нема право да ги осудува идните генерации