Достапни линкови

Пад на БДП – најлошото помина?


Вице премиерот Зоран Ставревски
Вице премиерот Зоран Ставревски

Во првиот квартал годинава БДП забележа минимален пад од 0,9 отсто. Владата коментира дека најлошото е зад нас. Бизнисмените и економистите не гледаат економски показатели на кои се темелат овие тврдења

Бруто домашниот производ во првиот квартал од годинава забележа пад од 0,9 насто. За познавачите на приликите очекуван во услови на криза кога се намалуваат инвестициите, потрошувачката, извозот, индустријата, па дури и во повисока негативна стапка. Владата
Јас мислам дека најлошото не е поминато. Најлошото може да биде поминато кога ние ќе имаме нови пари во оптек, а ние ги немаме
имаше пооптимистички проекции но сега за позитевен сиглал ги смета и добиените бројки. Вицепремиерот Ставревски ова го протолкува и како показател дека најлошото е зад нас. Бизнисмените и економситите воглавно не гледаат индиции на кои би се засновале ваквите предвидувања.

„Јас мислам дека најлошото не е поминато. Најлошото може да биде поминато кога ние ќе имаме нови пари во оптек, а ние ги немаме. Доколку се обезбедат странските кредити што се планираат, во тој случај ќе се подобри состојбата, во спротивно ќе се влошува и понатаму, но дека е помината, мислам дека не е.“

Фабрички погон
вели професорката марија зарезанкова Потевска. Нашата индустрија не може да се развива независно од сродните во светот кои се стопирани во моментов, додава Зарезанкова. Митко Кочовски, директор во Макстил вели дека извесни нијанси на подобрување постојат во делот на металската индустрија, но дека тоа ниту оддалеку не може да се третира како надминување на кризата.
Ако сите не работат, како поминало најлошото. За да помине најлошото, треба да почнат да работат, да почнат да продаваат, да дојде БДП


„Ако сите не работат, како поминало најлошото. За да помине најлошото, треба да почнат да работат, да почнат да продаваат, да дојде БДП. Едниот погон во валалница е тотално запрен, ладна валалница работи само малку. Кај феролегурашите, Југохром речиси да не работи,“

вели Кочовски.

Во ваквата состојба Народната банка и Владата водат неусогласена политика велат експертите. Според нив Нраодната банка во ваква состојба води навистина пререстриктивна политика која влијае на негативните показатели.

„Тоа неповочно се одразува на платен биланс, на трговски дефицит, на економскиот развој, бидејќи немаме развој. Тоа го покажува и намалениот БДП. Тоа значи дека мора нешто да се направи на овој план, односно да се усогласат овие две политики,“

вели Зарезанкова.

Доколку и во нареднив квартал продолжи падот на БДП. Тоа биз начело вовед во рецесија.
XS
SM
MD
LG