Достапни линкови

Земјоделците бараат прекин на увозот на пченица


Кромидот во прилепско заврши на депонија
Кромидот во прилепско заврши на депонија

Земјоделците се жалат дека пченицата од минатогодишната реколта им останала во амбарите и бараат да прекине увозот на пченица. Од Министерството за земјоделство велат дека не може да стане збор за вишок на пченица кога домашното производство задоволува 50 насто од потребите

Сојузот на земјоделци бара од државата да прекине со увозот на пченица се додека не се продадат домашните резерви. Во време кога доаѓа новата жетва домашната пченица од минатогодишната реколта остана неоткупена во амбарите на пелагониските земјоделци. Земјоделците од Пелагонија стравуваат дека ќе им се придружат на производителите на млеко. Проблемот уште повеќе го усложнува државата со недоволно контролиран увоз вели Вељо Тантаров од Сојузот на земјоделци.

„Се даваа контингенти, каде што се увезува со царина, но тоа не функционира кај нас, посебно за пченицата, за лебот.“

Земјодеците стрвуваат дека пченицаат ке им остне неоткупена поради увозот на пченица од сосоедна Србија, но Соња Трајкова портпарол на минстерството за земјоделство, оценува дека во услови кога државата прозведува 50 проценти од потребите за пченица, не може да стане збор за вишок.

„Во однос на пласманот, не се договориле со мелничарите за да им ја откупат. За да ја посадат, треба да знаат на кого и по која цена, тука ние не се мешаме.“

Цената за килограм треба да биде пониска од 13 денари сметаат земјоделците но истата може да се постигне доколку се регулира неконтролираниот увоз. Знаеме дека барањето за прекин на увозот е непопуларна мерка за владата која има потпишано договор за увоз, но принудени сме да реагираме поради светската економска криза додава Тантаров. Штетите кои ги трпат земјоделците преку појавуавње на вишок на нивните производи дополнително се усложнуваат и поради примери на непланско однесуавње во производството. Најчесто загууби има во градинарството.

„Оваа година целиот кромид се исфрли во реките, ниту килограм не беше откупен. Министерството требаше да не предупредат.“

Земјодеците немаат начин како на своја инициајтива да ги пласираат производите надвор од земјава се додека не биде укината визниот режим додава Перо Стјковски од регионлното здружение.

„Мора целата ситуација да ја префрлиме на министерството затоа што сме затворени како земјоделци. Да ни предложи, да произведувате она што ќе знае Министерството дека ќе има пласман.“

Сепак Тантаров не се согласува да размислува за мерки кои според него водат во централзирано производство.

„Планското производство беше во времето на социјализмот. Сега тоа го диктира пазарот, кога станува збор за културите млеко, пченица, сончоглед, ориентацијата ја кажува пазарот и тие култури се застапени годинава.“
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG