Достапни линкови

Власта и опозицијата за скастрениот буџет


Власта и опозицијата кршат копја околу народната каса - власта тврди дека кратењата на расходите од Буџетот се доволни и има останато пари за инфраструктурни проекти, додека опозицијата забележува дека трошоците се далеку од скромни.
Јас сметам дека е направена добра анализа и доволни кратења, за сега. Сметам дека ова ќе биде еден вид справување со кризата. И на комисиите ќе видите, дека сите кратења се оправдани и ќе ги дискутираме тие работи


Пратеничката на владеачката ВМРО - ДПМНЕ Соња Гелова Стојанова смета дека Владата плански ги скратила расходите од Буџетот

,,Јас сметам дека е направена добра анализа и доволни кратења, за сега. Сметам дека ова ќе биде еден вид справување со кризата. И на комисиите ќе видите, дека сите кратења се оправдани и ќе ги дискутираме тие работи."

Стојанова додава дека и покрај кратењата на расходната страна од народната каса, сепак ќе има доволно инвестиции за да се одржи проектираниот економски раст, кој се модификуваше од над пет отсто на еден процент.

,,Има преземено добри мерки со кратењето на буџетот и анализата. Сметам дека тоа што е предвидено во висок процент ќе биде остварено."

Опозицијата, од друга страна смета дека има уште непотребни расходи кои треба да се скратат. Според пратеникопт на опозициската СДСМ Андреј Петров, во Буџетот нема доволно приходи за покривање на дел од, според него, непотребните расходи

,,Имаат некои ставки во буџетот кои се астрономски. Да речеме, за мебел и опрема 143,8 милиони евра. Мислам дека останаа и во
Имаат некои ставки во буџетот кои се астрономски. Да речеме, за мебел и опрема 143,8 милиони евра. Мислам дека останаа и во ребалансот. Субвенционираат јавни претпријатија. Имаат повеќе трансфери за несуштински трошоци за објектите кои ги градат
ребалансот. Субвенционираат јавни претпријатија. Имаат повеќе трансфери за несуштински трошоци за објектите кои ги градат."

Петров додава дека високиот дефицит на тековната сметка, како и релативно скромните приливи во Буџетот, не дозволуваат трошење пари за повеќе инфраструктурни објекти

,,Никој не е против патишта да се градат, тоа е потребно. Но, сега да се градат скулптури на плоштад, во услови на криза, тоа е несериозно."

Инаку Владата одлучи да го скрати Буџетот за 9 отсто. Од првобитниот баланс се иземени инвестициите во висина од 173 милиони евра. Меѓу мерките за штедење се замрзнуваат зголемувањата на платите на јавната администрација, се сопира вработувањето во државната администрација и се укинуваат бонусите во јавните претпријатија.
XS
SM
MD
LG