Достапни линкови

Владата ќе штеди


Зграда на владата на Република Македонија
Зграда на владата на Република Македонија

Министерот за финансии најави мерки за штедење на буџетот со цел санирање на буџетскиот дефицит. Експертите сметаат треба да престане непродуктивното трошење

Владата се подготвува да штеди, со цел санирање на буџетскиот дефицит и пребродување на ефектите од светската криза. Официјалните податоци од управата за јавни приходи покажуваат потфрлање на приливите во Буџетот од јануари годинава во висина од 1,6 милјарди денари. Министерот за Финансии Трајко Славески најави укинување на одредени ставки од буџетските расходи,
Инвестиционо трошење да, но непродуктивно трошење треба да се пролонгира
имено откажување на одредени инвестиции. Што конкретно ќе се прешкрта од листата на инвестиции на Владата, дали тоа ќе бидат црквите и административните згради кои се ветуваа пред изборите, за сега е непознато.Од Министерството за финансии посочија дека за таква одлука потребни се консултации со сите министри, по што ќе се донесе конечната одлука.

Економистите препорачуваат кратење на сите неисплатливи трошоци. Професорката Марија Зарезанкова Потевска вели дека потребно е кратење на неисплатливите проекти.

„Значи, не секој вид трошење, инвестиционо трошење да, но непродуктивно трошење треба да се пролонгира.“

Потевска смета дека во овој период можно е надлежните да превземат уште построги мерки за фискална дисциплина, имено поинтензивно да ги контролираат фирмите, посебно оние кои нередовно плаќаат даноци.

„Меѓутоа, и да не е состојбата таква, треба да се зголеми финансиската дисциплина во државата.“

Упатените велат дека за санирање на дупката во Буџетот ќе биде потребно и задолжување. Професорот Џевдет Хајредини вели дека и
Аранжманите со фондот значат и директна контрола на трошењето на парите од буџетот, а таа контрола оваа влада никогаш не ја сакала затоа што троши пари од граѓаните за крајно нерационални намени
покрај тоа што условите за кредитирање се понеповолни за време на криза, на Владата и се потребни пари:

„Ќе мора да тропа и на вратите на ММФ.“

Хајредини додава дека ако Владата се обрати кај Меѓународниот монетарен фонд, ќе мора да прифати контрола на трошењето:

„Меѓутоа, тука од Фондот се плашат, затоа што аранжманите со фондот значат и директна контрола на трошењето на парите од буџетот, а таа контрола оваа влада никогаш не ја сакала затоа што троши пари од граѓаните за крајно нерационални намени.“

Инаку од Министерството за финансии неодамна информираа дека Македонија поднела барање до странски банки за заем од 50 до 100 милиони евра за санирање на дупката во државната каса. Каматните стапки за овие заеми, според неофицијални проценки, дистигнуваат и до 12 посто.
XS
SM
MD
LG