Достапни линкови

Рецесијата се поблиску и до Македонија


Владимир Глигоров, виенски институт за економија
Владимир Глигоров, виенски институт за економија

По извештајот на ММФ и Виенскиот економски институт предвидува економска стагнација на Балканот. Бизнисмените очекуваат тешки две години, а владата за сега молчи и останува на амбициозните проекции.

Извештаите на Меѓународниот монетарен фонд и Виенскиот институт за економија не се согласуваат со, според многумина, амбициозните проекции на Владата за економски раст. Имајки ги предвид спротивставените прогнози за економскиот раст во земјава, се поставува прашањето дали извештаите треба да се земат како основа за нови проекции или да се продoлжи со политиката на јавни
Мислам дека 2009 и 2010 ќе биде многу тешка за Македонија.“
инвестиции и покрај прогнозите за рецесија и стагнација ?

Претставници од бизнис заедницата велат дека извештаите треба сериозно да се сфатат. Бизнисменот Ристо Гуштеров вели дека стопанствениците и властите треба секојдневно да се информираат за случувањата во светот

„За да знаат во кој правец ќе се движи Македонија, каков ветер ќе очекува и да знае на што може да се надева во следните три четири години.“

Според Гуштеров, извештаите од странските и меѓународните институции се загрижувачки за бизнис заедницата во земјава:

„Мислам дека 2009 и 2010 ќе биде многу тешка за Македонија.“

Последниот извештај кој ги предвидува економските движења во регионов е на Виенскиот институт за економија. Во извештајот се предвидува дека Балканските земји се соочуваат со економска стагнација до 2011 година. Експертот од институтот Владимир Глигоров
Вие можете да имате планови, но се поставува прашање како ќе ги финансирате тие планови. Македонското раководство тргна со доста амбициозни фискални проекти.“
констатира дека со оглед на овие прогниози, економскиот план на Владата е амбициозен

„Вие можете да имате планови, но се поставува прашање како ќе ги финансирате тие планови. Македонското раководство тргна со доста амбициозни фискални проекти.“

Глигоров додава дека за остварување на поамбициозни инвестиции во следниов период, потребно ќе биде задолжување, што според него не е лесно

„Треба да се има предвид и тоа дека ако се смета со парите на ЕУ која би можела и има фонд за макро финансиска поддршка, ако тие пари сакаат да ги повлечат, тогаш е потребен аранжман со ММФ, тоа е услов.“

Инаку, се чини дека последниот извештај на Виенскиот институт ги остави без текст повеќето институции во земјава. Од Министерството за финансии немаат коментар. Од Стопанската комора велат дека извештаите посебно ќе се разгледуваат во текот на следниве неколку дена а седници ќе одржуваат и синдикалните организации за утврдување на ефектот на меѓународните прогнози врз работниците.
XS
SM
MD
LG