Достапни линкови

Во развиените демократии претседателските кандидати се познати многу порано


Македонските граѓани на неколку месеци пред да ја донесат својата одлука за тоа кој ке биде идниот претседател на државава не ги знаат имињата на каднидатите. Од партиите молчат.Се повикуваат на партиските процедури за избор кои се во тек или пак сеуште не се запонати. Во ВМРО ДПМНЕ велат дека се подготвуваат за мартовски избори, а името на нивниот каднидат ќе го објават по завршувањето на процедурата во партијата. Не се знае ниту кога ке биде тоа - во рамки на предвидени законски рокови вели портпаролот Александар Бичиклиски. Засега пак како можни кандидати неофицијално се шпекулира со имињата на виецепремирот Зоран Ставревски и дипломатот Срѓан Керим:

,,Не можам да одговорам на ниту едно од прашањата, затоа што сеуште е рано и се говори за процедура внатре во партијата,“

одговара Бичиклиски на прашањето дали се вистините гласините за Ставрески и Керим.

Од опозициониот СДСМ велат дека најверојатно името на својот кандидат ке го обајват во февруари. Изворите со којшто раговараме сметаат дека не е доцна да го објават кандидатот на само еден месец пред изборите бидејки како што велат нема да предложеле непозната личност со чии што квалитети допрва ќе требале да се запознаат гласачите.

Во меѓувреме додека јавноста шпеклуира за кандидати од македонскиот политички блок, евенетуалните кандидати од партиите на албанците се сосема непознати. Рафиз Алити од Демократската Унија за Интеграција велат дека сеуште неодржале центарлно претедателство на кое би ја отвориле темата претседателски избори:

,,Најверојатно ќе имаме централно претседателство и ќе ја отвориме и оваа тема, дали ќе кандидираме и кој ќе биде нашиот кандидат.“

Партиите со ваквиот однос се обидуваат да ја маргинилизираат претседатеслка функција во државата коментира професорот Мерсел Биљаљи за фактот што на неколку месеци пред изборите кандидати се држат во тајност. Во развиените земји вели тој престседателските кандитати е познат долго време пред денот на гласањето и тој јавно ги промовира своите ставоиви и убедувања пред граѓаните во тој период:

„Во сите демократски држави, претседателот на државата е морална фигура, околу кого се обединуваат сите структури, сите луѓе и граѓани.“

Биљаљи не ја исклучува можноста тактизрањето да е причина за молкот на партиите.

„Реално изгледа дека со тоа партиите покажуваат дека тие се патрони на општеството, дека сакаат да воведат фигура под нивна контрола.“
XS
SM
MD
LG