Достапни линкови

Стручната јавност очекува одолговлекување на процесот за укинување на визите


Оценувајќи ја како утешна награда од претежно вербален карактер, дел од македонските аналитичари на објавената оценка за имплементацијата на патоказот за визна либерализација на Република Македонија што го објави Европската Комисија не гледаат со голем оптимизам. Министерството за надворешни работи изрази задоволство од наодите во оценката во која е евидентиран напредок во поглед на безбедноста на документите, илегалната имиграција, јавниот ред и безбедност, надворешните односи и фундаменталните права. За да се верификува овој напредок по Нова година во Mакедонија ќе почнат да пристигнуваат експерти од земјите членки на Унијата во оценски мисии со очекување дека во почетокот на 2009-тата ќе се иницира правната процедура, а во текот на истата година и да стапи на сила безвизниот режим. Во ваквите најави аналитичарите гледаат можност за одолговлекување на процедурата пред се поради активностите кои за оваа година се очекува да ја окупираат Европската Унија:

„Наредната година во ЕУ ќе биде изборна, така што повеќето од институциите нема да функционираат со полн капацитет. Така што дополнително тоа што треба да се испратат професионални комисии кои што треба да направат извештај, па да се анализира тој извештај, така што и во текот на 2009-та година ние ќе бидеме на иста позиција на која сме и сега.“

Вели униоверзитетскиот професор Мерсел Биљали. Проценките на владата се дека целиот процес ќе заврши до септември и дека тогаш Македонија ќе ја добие визната либерализација. За политичкиот аналитичар Сања Костовска од Центарот за истражување и креирање политики не е исклучено и во текот на 2009 годинада се очекува тоа. Тоа ќе зависи според не од динамиката на реформите во земјава како и од изборите во европскиот Парламент. Јасно поставените 40 критериуми наведени во патоказот за визната либерализација се пред се од технички карактер, иако се погласни се пораките кои пристигнуваат од Брисел дека нема да биде неважно и како Македонија ќе ги спроведе претстојните избори во март.

„Не верувам дека би биле институционализирани, или би биле наметнати како критериуми во склоп на самиот процес, а дека на политичко ниво може да имаат влијание, тоа не е исклучено.“

Коментира Костовска.
XS
SM
MD
LG