Достапни линкови

Тензиите на ниво Груевски – Црвенковски ќе продолжат, велат аналитичарите


Додека претседателот Црвенсковки е на одмор премиерот Грувески најави дека не планираат да инциираат постапка за импичмент за негово отповикување. Речиси во истовреме парламентот повторно гласаше за законот за употреба на лабанскиот јазик но овој пат и со опозицината коалиција СОНЦЕ. ДПА пак најави враќање во законодавниот дом со нов предлог закон за јазиците по летните одмори. Сепак и по ова навидум потсирување на тезнциите на домашната полтичка сецна аналитичарите прогнозираат дека не не очекува мирна есен.

Според аналитичарот Ризван Сулејмани тензиите ке продолжат на ниво Груевски Црвенковски. Претседателот сега води партсика битка за вракање како лидер на СДСМ а премиерот пак има тенденција да ја стави под контролата целата власт ги презицира Сулејмани причините поради кои очекува таков развој на настаните

„Почнува кампањата на Црвенковски за лидер. Прашање е во кој правец ќе се одвиваат настаните, дали ќе има промена на Уставот, со кој ќе сака евентуално Груевски да ги намали ингеренциите на претседателот.“

Во однос пак на релациите опозицијата власт и работата на парламентот Сулејмани смета дека и ДПА и СДСМ по вракањето ке останат во законодванио дом но дека во следниот период ќе продолжат внатрепартските превирања во девте партии кои ке се рефлектираат и на целосната политичка сцена.

„Има тешки проблеми околу лидерството. Таа внатре партиска битка се пренесува и во јавниот живот на опозицијата. На пример, очекувам во ДПА да се отвори прашањето за внатрешната демократизација, реорганизација евентуално.“

Тубулентиот период во парламентот поминаа а на ниво претседател влада есенва ке продолжи да се тестира уставот и политичкот систем во однос на неговата функциналнот при распределбата на овласрувањата вели извршниот дирекотр на Институот за демократија Владимир Мисев:

„Меѓутоа, од аспект на кохабитацијата на односите меѓу претседателот, владата и собранието, мислам дека допрва ќе има несогласувања и дебата во јавноста по однос на овие прашања. На овој начин ќе се покаже колку Уставот е функционален и издржлив да ги толерира ваквите односи меѓу претседателот и Владата.“
XS
SM
MD
LG