Достапни линкови

Нехигиена, спиење на под, дрога – слика на македонските затвори


Секој петти затвореник во истражниот затвор спие на земја, не ретко и во ходник. Во најпознатиот затвор Идризово серија самоубиства, дрога, бегства. Пренатрупaност, нехиегина, необучен кадар, слабна медицинска нега, тоа е дел од секојдневието на над 2.200 осуденици во македонските зандани. За мизерните услови во кој живеaт затоврениците јавно говореше осуденик од затворот Шутка.

„Немам три месеци вода, исхрана е нула, хигиена нула, луѓето спијат на патос. Се спие на надворешна темепратура, по ходници, не ни даваат никаков контакт. Дрога има повеќе отколку на улица во Скопје.“

Ниту критиките од Европа за лошите состојби во затворите не ги мотивираше властите во Скопје да постигнат повисоки стандарди во казнено-поправните домови.

„Туширањето е процес што се одвива секоја сабота. Со тоа што пуштаат вода, прскањето со вода трае една минута, потоа претстанува, и добиваш наредба – сапуњај!“

Се потсетува спортскиот коментатор Миленко Неделковски. Овој новинар, подоцна бизнисмен одлежа неколку месеци притвор чекајќи го судењето за измама за што беше осомничен. Омбутсманот во последните извештаии им забележуваа на надлежните за лошиот затворски систем.

„Не постои ниво кое што би било соодветно на светските стандарди. Република Македонија има суб стандардни услови во своите КПУ,“

вели Уранија Димовска, портпарол на народниот правобранител.
Владата неодамна издвои средства за обновување на рунираните казнено-поправни домови но и за изградба на нови. Околу 14 милиони евра годинава ќе почнат да се трошат за осовременување на македонските затвори.

За лошата слика во македонските затвори свесни се и од управата за извршување на санакции.

„Она што ние мораме да работиме е да ги отстраниме субјективните слабости, да нема слабости во третманот на осудените лица, тие слабости мора да ги отстраниме. Ние веќе сме во сериозен проект со Банката на Советот на Европа,“

рече Јордан Михајловски директор на управата за извршување на санкции.

Советот на Европа, преку своите стручни комисии на македонското правосудство посебно му забележува за отсуството на малолетничќи затвори и нивното криминализирање на младите деликвенти кои го изучуваат занаетот на улицата издржувајки казни од познати криминалци во македонските затвори.
XS
SM
MD
LG