Достапни линкови

Иран нема намера да запре со програмата за збогатување на ураниум


Американскиот Претседател Џорџ Буш изјави дека руската испорака на нуклеарно гориво за Иран може да им помогне на меѓународните напори чија цел е Иран да запре со нуклеарните амбицииите. Одговорот на Техеран беше експресен. Иран во никој случај нема да ја запре програмата за збогатување ураниум.

По веста за руската испорака на нуклеарно гориво за Иран, американскиот претседател Џорџ Буш синоќа во Вирџинија изрази надеж дека тоа ке помогне за меѓународните напори Иран да ја запре нуклеарната програма или попрецизно да престане со напорите за збогатување на ураниумот.

„Денеска Русија испрати збогатено гориво во рамките на процесот на испраќање збогатен ураниум за Иран за нивиот цивилен нуклеарен реактор. Ако е тоа случајот, и ако русите се спремни тоа да го прават, што јас го подржувам, тогаш иранците немаат потреба да го научат процесот на збогатување на ураниумот.“

Имено ова со дејствува со соопштението на руското министерство за надворешни работи дека финалната пратка со гориво за нуклеарната централа во Иран Бушехр ќе пристигнала во фебруари идната година. Тоа ке овозможи централата, изградена од руските инџинери, да започне да функционира 6 месеци подоцна. Официјално лице во Техеран за ројтерс изјави дека Иран во никој случај нема да се откаже од напорите за збогатување на ураниумот. Советот за безбедност досега донесе два пакета санкции за Иран токму поради ова одбивање. Во последниот извештај на американските разузнавачки служби пак се вели дека Иран ја запрел воената нуклеарна програма во 2003. Сепак западниот свет не им верува на намерите на Иран. Отворена западна стратегија е понудата до Иран да се откаже од процесот на збогатување на ураниумот и производството на плутониумот во замена за техничка помош. Овие две технологии имено, покрај цивилната употреба се користат и за нуклеарно оружје. Засега шансите за трет пакет санкции се многу мали поради противењето на Русија и Кина кои имаат добри политички и економски врски со Иран. Затоа на Западните земји им останува самите да воспостават санкции спрема Техеран.

Соединетите Држави имено воведоа санкции кон уште 20 ирански ентитети, меѓу кои и индивидуалци од Иранската Револуционерна Гарда со цел да не можат да работат во рамките на американскиот банкарски систем. Вашингтон се надева дека Европа и Јапонија ке ги искористат своите трговски врски со Иран за да го натераат да го смени однесувањето.
XS
SM
MD
LG