Достапни линкови

Меѓународната заедница е решена да не дојде до нарушување на внтарешното единство на Македонија


По неуспехот на последните преговори за Косово очигледно е дека не постои компромисно решение, вели директорот за истражувања во Европскиот политички центар во Брисел Антонио Мисироли. Сепак, според него, меѓународната заедница има некои решенија со кои би требало да не дојде до дестабилизација на регионот.

На десетти декември претставниците на Европската, Соединетите Држави и Русија, познати како посредничка тројка на Контакт групата ќе му поднесат извештај на генералниот секретар на Обедините нации Бан ки Мун за тоа дека не е постигнат компромис меѓу Белград и Приштина за идниот статус на Косово, вели Мисироли, додавајќи:

Тоа значи дека на десетти или на единаесетти декември ќе биде објавена еден вид декларација, најверојатно во Приштина. Тоа не значи дека таа декларација ќе биде за независност. Имено, на десетти овој месец шефовите на дипломатиите на Европската Унија ќе разговараат во Брисел за тоа дали веќе не е можен компромис за статусот на Косово.

Наведува Мисироли, појаснувајќи дека и досега во Брисел биле водени многубројни разговори за тоа како да се усогласат сите опции и да се разгледаат можните сценарија за месеците кои претстојат. Сето тоа не било бескорисно, вели тој. Во врска со противењето на Русија на евентуално еднострано прогласената независност на Косово Мисироли оценува:

Тоа што беа одржани избори за Думата секако ги отежна работите, посебно за договорот за некое компромисно решение што го поддржува Русија. Мислам дека за такво решение би можело да се сочекаат и руските претседателски избори во март догодина. Но, да не се залажуваме. Тоа само ќе го одолговлекува процесот за решавање на косовскиот статус.

Оценува Мисироли, додавајќи дека Приштина сепак не би тербала еднострано да прогласи независност, бидејќи така би можела да остане осамена и без никаква можност за меѓународно признавање на Косово. ,,Верувам дека Приштина во прво време ќе биде за еден вид диригирана транзиција, а не за незавсност,, вели Мисироли кој во врска со идејата за поделба на Косово и за можното етничко чистење на србите од Покраината смета:

Со тоа никако не можам да се согласам. Контролата на меѓународната заедница ќе биде многу силна во Митровица и околу неа и ќе биде преземено се за да се спречи такво нешто.

Мисироли додава дека меѓународните сили исто така ќе преземат се за да не дојде и до дестабилизација на регионот:

Мислам дека сите се свесни на таканаречениот домино ефект што би можело да дојде на Балканот во случај на еднострано прогласување на независноста на Косово. Затоа и сакаат да го спречат тоа. Меѓународната заедница е решена да не дојде до нарушување на внтарешното единство на Македонија и да ги спречи дезинтеграциски процеси кои би довеле до насислтво.

смета Антонио Мисироли од Европскиот политички центар во Брисел кој заклучува дека е малку веројатно да дојде до насилства од широки размери во регионот.
XS
SM
MD
LG