Пожарите не ги спречија туристите да се одмораат на некои од нашите планини. Владо Мишовски, менаџер на хотелот Берово и Дарко Стојановски, менаџер на хотелот Гостивар, велат дека и покрај пожарите, кај граѓаните постои голем интерес за планински туризам и дека ниту една резервација не е откажана:
„Кај нас 80 насто од резервациите се со туристи од Холандија, тие имаа разбирање за случувањата и немаше откажувања.“
„Немаме намалувања на бројот на посетителите, туку напротив.“
Со слично мислење е и Љубица Ристевска, менаџер на хотел на планината Пелистер:
„До сега немаме ништо осетено. За намален туризам ќе можам да кажам за еден месец.“
Наспроти хотелиерите, раководителот на продажба на Авиотурс Филип Христов вели дека пожарите негативно влијаат на планинскиот туризам:
„Секоја непогода влијае негативно на психологијата на туризмот. Значи, несомено и пожарите ќе влијаат негативно на бројот на туристите на планините. Исто се случува и со Катлановска Бања.“