Достапни линкови

Со лесна облека и течности против тропските горештини


Вискиот степен на УВ зраците штетно влијаат на здравјето на луѓето. Особено ултра виолетовите Б зраци, коишто најчесто предизвикуваат хемиски промени на кожата. Примариус доктор Милица Јовановска вели дека заболувањата може да бидат од обични изгореници, до изгореници од прв, втор и трет степен, како и малигни заболувања:

„Во последно време, процентот на липноми е зголемен и секоја сомнителна бемка или брадавица, со посебна боја, со промени коишто се опишани во литературата, треба да се јават на лекар, а сонцето особено ултра виолетовите зраци, лошо делуваат на неа, од една бенигна форма да премине во малигна.“

Сонцето предизвикува и други заболувња, посочуваат здравствените работници. Кардио васкуларниот систем е најчуствителен, вели интернистот доктор Милчо Трајков. Покрај редовната лекарска контрола, тој препоачува:

„Хроничните срцеви болни, кои примаат средства за мокрење, треба да користат доста домати, или ѓус од домати. Луѓето со низок крвен притисок треба да внесуваат што повеќе течности, тоа најмногу да е минерална вода.“

Ако правилно се изложува човековиот организам, сонцето и сончевите зраци имаат позитивна улога. Осовбено, во витаминот Д, преку кожата. Но, не е точна констатацијата дека помладите полесно ги пребродуваат топлите денови, вели педијатарот докрот Билјана Чушкова, таа препорачува:

„Облекувајте го детето, така, како што се облекувате и вие. Ако на мајката и е топло, истото важи и за новороденчето.“
XS
SM
MD
LG