Достапни линкови

Ацо Спасеновски, Министер за земјоделство. Владата работи на унапредувањето на земјоделството


Владата според она што го работи е концентрирана на промоција за инвестирање во Македонија, а со тоа се планира да се оствари и во земјоделието?

Најголемата цена во земјоделието се постигнува ако се продава како свеж производ кој ќе стигне на пазарите во Европа, бидејќи на тој начин се постигнува повисока цена, а додека втората и третата категорија оди за преработка. Во Македонија преработувачката индустрија е развиена, проблем беше со решавање на пласманот на првата категорија во која што се постигнува најголем ефект. Она што ние како Влада правиме, е привлекување на странски инвеститори што би вложиле во Македонија, што би го помогнале пласманот на македонските препознатливи производи и би изградиле погони во преработувачката дејност и оние производи што се од втора и трета класа би се произведувале. Јас лично во многу држави во Европа видов дека такви производи постојат, се пласираат и тие сами за себе се препознатливи во регионот.

Велите има наши производи на странските пазари. Ќе создадете ли услови да им се даде можност на домашните производители да работат?

Ако се знае дека Македонија во бившата заедница имаше многу големи произвотсвени земјоделски капацитети, и ако се знае дека нивната искористеност е со 20-30% тогаш се знае дека нивните капациетет не е доискористен. Она што ние го правиме, преку повеќе мерки, треба да се придонесе тие капацитети да се рестартираат или да се искористат со што поголем капацитет.

Предвидени се околу 20 милиони евра годинава за стимулација на аграрот. Зошто овие пари не се насочени кон стимулирање на стратешки или извозно ориентирани гранки, туку се оди на широк фронт?

Зошто го слушаме зборот, стратешки? Зборот стратешки во една пазарна економија значи, доходовни гранки што ќе остварат приход. Она што ние во Македонија го имаме како потенцијал е следниот, имаме ограничени земјишни ресурси, кои се големи, но не доволни за огромни производства, од типот на пченици, житни култури, значи треба да се насочиме кон високо доходовни култури. Субвенциите што ги спомнавте не се широко, туку се за прв пат оваа година и тие не се даваат како социјална помош. Оваа година прв пат одевме со субвенции да биде еден хектар посадена пценица и максимум 50 хектари, со тоа оценивме дека ако сумата на средства ја насочиме во таа категорија на земјоделци кои ја садат таа површина, тогаш таа група со овие субвенции полека со текот на годините треба да се развива.

Не ми одговоривте на прашањето. Има ли анализа кои се вносните гранки?

Видете Стратегијата која е изготвена, што треба да се усвои од Владата, а подоцна ќе биде доставена во Собранието, точно се дефинирани кои гранки во кој правец треба да се развиваат.

Често се потенцира дека добра можност да се работи се токму европските фондови. Но, владата треба да работи на тим од луѓе кои што преку институциите македонскиот аграр да се развива со европски пари. Се создаваат ли такви тимови?

Моментално е во завршна фаза изработката на ИПА планот и нивна предакредитација. Со самото тоа ние сме веќе спремни да аплицириме за да ги користиме тие фондови. По тоа ќе следи голема кампања, за на луѓето да им се објасни, што е тоа што треба да се припреми и додека да почнат да се користат тие средства тие ќе бидат доволно информирани. Во меѓувреме Министерството за земјоделие максимално работи и на зголемување на сопствени капацитети, согласно ЕУ стандардите.
XS
SM
MD
LG