Достапни линкови

Фотографите без работа


Скопјанецот Љупчо Спасовски веќе 30 години е професионален фотограф. Сопственик е на три фото-студија од кои двете наскоро ќе ги затвори.
Причината вели тој е примената на новиот систем за издавање пасоши во согласност со кој граѓаните задолжително треба да се фотографираат во пасошкото одделение на министерството за внатрешни работи.

„Почнувам да се префрлам на друга дејност, иако имам три дуќани, имам 10-12 вработени, најверојатно ќе ги отпуштам и ќе работам друга бранша.“

Спасовски вели дека околу 70 проценти од вкупната заработка во фото-студијата опаѓа на фотографирањето за лични документи.
Во време на современа технологија кога се поголем број од граѓаните поседуваат дигитални фото-апарати и фотографиите ги чуваат во компјутер, заработката на професионалните фотографи опаѓа, вели Спасовски

„Ако се сликале 40 луѓе, сега се сликаат, 5 за визи, значи 95 насто намалување.“

Државата спроведува монопол и ја уништува нашата дејност, обвинуваат фотографите. Раде Марковиќ од едно фото-студио вели дека треба да им се
понуди можност на граѓаните да избираат каде ќе се фотографираат.

„Пропаѓаме, државата ни ја зема работата. Ние може и на ЦД да издаваме слики, имаме технологија, ако сакаат дигитални“

Од министерството за внатрешни работи велат дека дека таквата опција е невозможна. Портпаролот на МВР, Иво Котевски објаснува дека се новиот систем за издавање пасоши е во согласност со европските стандарди за заштита на документите за идентификација.

„Сликањето и самото собирање податоци се одвива во МВР и потоа тие компјутерски се праќаат до аналитичкито центар, а потоа и до центарот за печатење. Тие податоци одат во базите на МВР кои се од затворен тип и во ваков систем не смее да имаат пристап надворешни лица.“

Од здружението на фотографи најавуваат протести поради ваквата одлука на владата. Велат дека ќе направат се за да го спасат својот занает, кој постепенио изумира.
XS
SM
MD
LG