Достапни линкови

Српската страна сметa дека самата независност значи и несигурност за малцинствата


Делегациите на Белград и Приштина во Виена разговараат за планот на пратеникот на ОН Марти Ахтисари за идниот статус на Косово. Следат реакциите од Србија и Косово на делот од планот кој се однесува на заштитата на малцинствата на Косово.

Преставниците на српските невладини организации не се консултирани за амандманите на предлогот на Ахтисари. Меѓутоа сите тврдат дека одредбите во планот кои се однесуваат на заштитата на правата на малцинствата се согласно највисоките светски стандарди. Дури според Јелена Милиќ од Формут на Евопското движење на Србија воочливо е дека се истакнуваат правата на србите, на што ромите и укажале. И Биљана Ковачевиќ Вучо тврди дека со планот на Ахтисари не може да се рече дека србите на Косово се маргинализирани. Според неа, тие добиваат атрибути на конститутивен народ со право на носење одлуки и вето. Меѓутоа, неучеството на владиниот сектор во Србија, според координаторот на граѓанските иницјативи Миљенко Дерета значи дека во целата приказна станува збор за нешто друго:

„Не станува збор дали се граѓани албанци или срби на Косово или граѓани на Србија. Станува збор за територии, за борба за некое место во историските читанки. Ние како организација пративме соопштение повикувајки на правата на србите на Косово, а не за грижата на териториите. И додека тоа имаше голем одек на меѓународен план, немаше никаков одглас дома, и никаква реакција од тие што го водат процесот.“

Политичките преставници на косовските срби сметаат дека самата независност на Косово за нив значи несигурност, без оглед на заштитата на правата која се нуди во планот на Ахтисари. Оливер Ивановиќ од Српската листа за Косово и Метохија вели дека е неприфатливо србите да се третираат како малцинство туку треба да бидат третирани како народ.

„Поради историски, политички и практични и секакви други причини Србите мора да бидат издвоени од тој пакет и на тој начин да им се даде таа важност.“

Политичкиот аналитичар од Косово Шкељзен Малиќи пак вели дека овој однос на косовските срби е во согласност со политиката на Белград односно неприфаќањето на независноста на Косово. Дури и тоа да се случи, како што смета Малиќи, Србите ќе бараат многу повеќе од она што им се нуди сс планот на Ахтисари.

„И да ја прифат независноста на Косово, секогаш ќе бараат повеќе или да отцепат еден дел од територијата или да имаат автономија.“

Истовремено, вели Малиќи, кај албанците се преувеличува она што им се нуди на србите. Според него, станува збор за дополнителни овластувања во некои области, додека она што се вели за врските со Србија се некој вид персонална автономија.
XS
SM
MD
LG