Замислени и веќе оддалечени од својот изворен менталитет голем број од жителите на главниот град бесцелно се движат во утринските часови. Прашањето за опстанокот им паѓа тешко и ретко кој има сила да прифати разговор на оваа тема:
Како го преживувате месецов?
„Воопшто многу лошо.“
Многумина сеуште во добра работна кондиција ги имаат загубено работните места, оние што работат неуспеваат месечните трошоци да ги покријат со месечните примања. Како го поминуваат месецот незнаат ни самите, сметките ги оставаат настрана и долговите растат:
„Работиме, но што земаме седум илјади плата. Дали за вода, дали за струја, дали за јадење.“
Колку давачки имате месечно за режиски трошоци?
„Па околу шест до седум илјади, и мора да се води економија. Ако се ,,стегне каишот“ стигнуваат.“
„3 800 денари земам од Бирото за вработување и само со тие средства сум.“
„Од оваа држава на ништо не се надевам. Сум работел во Типо 38 години, а девет години ми немаат платено стаж и сега под Бирото за вработување сум.“
Показателите за сиромаштијата и невработеноста, не нудат простор за оптимизам. Статистичките податоци за јануари покажуваат зголемување на цените во групата домување, вода, електрика и други горива речиси за 2%, а цените на стоките за лична потрошувачка само за еден месец се зголемени за 0,4% .
„Кои сметки да ги платам, за струја ништо немам. До 1996 година сум земал плата и сум плаќал редовно, од таа година наваму ниту јас, ниту фабриката платила. Нека ме исклучат.“
Високите 33 насто граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата би можеле да се ублажат со радикално намалување на невработеноста, велат експертите. Ова прашање Владата го стави највисоко во листата на своите приоритети, но таквите најави незначат ништо за граѓаните кои ја изгубиле надежта за подобар живот и вербата во добронамерноста на политичарите.
„Имам внуци, деца за вработување, ама нема ништо. Секој си ги чува местата за своите.“
„Бараат работа, ама нема, неможат да најдат.“