Достапни линкови

Соединетите држави и Британија последни на листа


Соединетите Држави и Британија се на последното место на списокот од дваесет и една развиена земја кога станува збор за квалитетот на животот на децата. Ове се наведува во најновиот извештај на Агенцијата на Обединетите нации за деца позната како УНИЦЕФ.

Резултатите од истражувањето покажаа дека младите луѓе во Британија се поподложни на ризични однесувања како пушењето, опивањето, користењето марихуана, тепачките и насилствата. Децата во Британија, како што се додава во извештајот на УНИЦЕФ, се понесреќни и понеамбициозни од нивните врсници во дваесет други западни земји. На врвот, очекувано се најдоа Холандија, Шведска, Данска, Финска, Норвешка.

„Нордиските земји имаат највисоко ниво на материјална благосостојба, на безбедност и на образование. Но, од друга страна тие лошо котираат например во семејните односи. Значи нема идеална држава. Можеби има земји во кои е полесно да се биде дете и да се расте.“

Вели Леонардо Менчини, еден од оние кои учествуваше во истражувањето на УНИЦЕФ во кој беа земени предвид традиционалните криетриуми како бруто националниот доход и стапката на смртноста кај децата, но и оние колку книги читаат и јадата децата. Интересен податок што произлезе како резултат од истражувањето е и оној дека високоит национален доход не значи оти децата имаат и подобри услови за живот. Чешката република, например доби подобри оценки од побогатите Франција, Австрија и Соединетите Држави. Манчини вели дека социјалната благостојба е само еден дел од комплексната равенка за условите во кои растата децата во една земја:

„Социјалните мрежи се многу важни, но важни се и односите меѓу врсниците, функционирањето на семејствата, животната средина во целост. Не постои единствен одговор на ова прашање.“

Смета Манчини, посочувајќи дека токму на овој план најниски оценки добија Соединетите Држави и Британија. Имено, во Соединетите Држави скоро шеесет насто од децата растат во разведени семејства. Во Грција, колку за споредба, тој број е десет насто. Едно од објаснувањата за оваа појава е современиот начин на живот, односно опседнатоста на родителите по сопствените кариери при што ја запоставуваат грижата за своите деца.
XS
SM
MD
LG