Достапни линкови

Власта и опозицијата тврдат дека се за политички дијалог, но со предуслови


Меѓународната зедница последниве денови упати низа критики до власта но и до опозицијата за немањето на политички дијалог. Токму тоа е и една од главните теми кои во последниве месеци служат за мегусебно прекупување мегу спротистванеите политички опции. Но иако минатоделната порака на еврокомесарот за проширување Оли Рен беше јасна а и вчера генералниот секретар на Нато Јап де Хоп Схевер во Брисел на премиерот Груевски му посочи дека немањето на дијалог не води кон напредок и ги повика ДУИ да се вратат во парламентот, партиите продолжуваат со поставувањата на предуслови пред да седнат на заедничка маса.

Ставот на ДУИ е веке познат, на разговори само со мегународната заедница. Потпреседателот Рафиз Алити вели дека иако критиките доаѓаат токму од таму условот кој тие го поставуваат останува непроменет:

„Нашиот став е јасен. Ние секогаш сме се изјасниле дека сме за дијалог, но тој да биде сериозен и да биде прифатен од меѓународните претставници.“

Бојкот на паралментот пак како што вели Алити ќе го прекинат откако ќе почне дијалогот:

„За сега ние не планираме ништо. Се ќе зависи од тоа како ќе се одвива дијалогот меѓу лидерите.“

Славица Грковска од Социјал демократскиот сојуз вели дека тие воопшто не поставуваат предуслови за неговото функцинирање:

„Ако мислите дека предуслов се предлозите коишто партиите ги даваат за одредени законски решенија, јас не би рекла дека тоа е предуслов. Тоа се дел од правилата за комуникација,“

вели Грковска и додава дека спротивно ВМРО ДПМНЕ се оние кои поставуват предуслови

„Нивното однесување беше дека ние би требало да ги прифатиме сите предлози што доаѓаат од нив, онакви какви што се.“

Влатко Горчев од ВРМРО ДПМНЕ пак за виновник ги посочува опозиционерите

„Многу едноставно, ДУИ треба да ги прифати понудите на премиерот и да се појави на тие лидерски средби и да почнеме да ги решаваме проблемите тековни, онака како што се појавуваат.“

Амбасадорите на европската унија и на Соединетите Американски Држави Ерван Фуере и Џилијан Милованович уште во ноември без успешно се обидоа да ги седнат лидерите на заедничка маса. Потоа имаше уште неколку обиди за разговори а Груевски и Ахмети се сретнаа на конференција за рамковниот договор организирана кон крајот на минатата година но останаа само на ракување. Последниот обид за разговори во врска со прашањата од државен интерес е оној кој се одвива во собранието на ново на преставници на политичките партии.
XS
SM
MD
LG