Достапни линкови

Нивната егзекуција е извршена и покрај меѓународните апели за одложување на бесењето


И покрај меѓународните апели двајцата бивши соработници на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин се обесени рано изутрината во Багдад за истиот случај како и Хусеин по пресудите за убиство на 148 шиити во Дуџаил во 1982 година. Станува збор за Барзан Ибрахим ал Тикрити полубрат на Хусеин и бивш шеф на разузнавачките служби и бившиот шеф на Револуционерниот Суд Авад Ахмед ал Бендер.

Советникот на ирачкиот премиер Башам Ридџа потвдри дека изутрината во Багдад се обесени Барзан Ибрахим ал Тикрити полубрат на Хусеин и бивш шеф на разузнавачките служби и бившиот шеф на Револуционерниот Суд Авад Ахмед ал Бендер поради криминал против човештвото. Станува збор за случајот Дуџали – убиството на 148-те шиити за кој беше обесен и Садам Хусеин на 30 декември минатата година:

„Денеска во 3 часот изутрината по локално време на 15 јануари егзекуција се изврши против осудените Ибрахим ал Хасан – ал Тикрити и Авад Хамед ал Бендер. Тое е извршено согласно одлуката на ирачкиот суд.“

Обвинителот Мунир Ал Фарун изјави дека владата им наредила на судија и сведоци да ја набљудуваат егзекуцијата која се случила на истотото место во истиот поранешен разузнавачки штаб каде што беше обесен и Садам Хусеин.

„Егзекуцијата овој пат беше извршена според висок стандард. Немаше дофрлања, немаше слогани или други нарушувања. Сепак имаше инцидент. Имаше одвојување на телото од главата на Барзан. Тоа се случува и тоа е дело на господ. Тоа е нормален процес што се случил и порано.“

Егзекуцијата на Садам Хусеин предизвика големи меѓународни критики кон ирачката влада, посебно по објавувањето на видео снимката од бесењето. Обединетите Нации по тој чин побараа од Ирак да ги разгледа смртните казни. Ирачкиот претседател Џалал Талабани кој вчера отпатува за Сирија изјави дека егзекуцијата во случајот Дуџаил треба да се одложи. Денеска во Рим егзекуцијата на Ибрахим ал Хасан – ал Тикрити и Авад Хамед ал Бендер ја осудија претседателот на Европската Комисија Хозе Мануел Баросо и италијанскиот премиер Романо Проди. ЕУ е против смртната казна, рекоа Баросо и Проди. Како што констатираат новинските агенции, денешното бесење е извршено и покрај големите меѓународни апели тоа да не биде направено.
XS
SM
MD
LG