Достапни линкови

Конфликт или војна?


Една од целите на судењата во Хаг каде е и македонскиот случај Бошковски – Тарчуловски, како и на останатите четири случаи за кои трибуналот водеше истрага, а се очекува да бидат вратени во Македонија е создавање на пообјективна слика на она што се случуваше на просторот на поранешна Југославија во последните петнаесеттина година. Во земјава има различни видувања за конфликтот во 2001. Па така според некои тоа беше судир од помали размери, за некои војна според сите критериуми на мегународното воено право.

Не можеме да ја градиме иднината без да знаеме што ни се случуваше во минататото или во 2001 година, ова можеби е единственото нешто за што постои согласност во земјава кога се говори за случувањата од тој период.

Дел од стручната јавност смета дека кај нас владее тактика на амнезија во политичка смисла и амнестија во правна, односно уверување дека подобро да гледаме напред кон евроатлантската иднина, а да не зборуваме за тоа што било.

Последиците се како што говорат некои проценки за загинати лица, 71 лице на македонска страна и 76 на албанска страна, изливи на незадоволство од поранешните борци на ОНА кои бараат соодветна државна грижа за нивните инвалидски права, социјална заштита и слично.

Стојан Кузев професор на Воената академија и еден од авторите на книгата Војната во македонија во 2001 е категоричен

„Република Македонија во 2001 година се соочи со војна и самиот факт што имаше спротиставени страни, затоа што блескаше оружје и имаше жртви.“

Сличен е ставот и албанската стручна јавност

„Се војуваше, имаше две страни кои беа во униформа,“

изјави професорот Назми Маличи од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Според дел од стручната јавност дискутабилна е тезата дека она што се случуваше во 2001 беше војна

„Ова беше внатрешен конфликт. Според бројот на жртвите тој става во група конфликти со мал интензитет, а тоа го покажува и времетраењето. Од друга страна, да се пупма овој конлфикт и да се даваат квалификации од типот на војна, мислам дека е контрапорудктивно.“

изјави професор Билјана Ванковска од Институтот за мировни и одбранбени студии при Филозовскиот факултет во Скопје.
XS
SM
MD
LG