Се повеќе се зголемува бројот на граѓани кои се жалат дека биле малтретираи од страна на припадиниците на едлиницата АЛФА. Оваа посебна мобилна единица на МВР беше формирана пред 9 месеци и според статистичките податоци на ова ресорно министерство податоците покажуваат оти по нејзиното формирање се бележи опаѓање на криминалот:
„Регистрирано е значително намалување на криминалитетот за над 30%, особено за делата разбојништва, тешки кражби и други дела, што секако дава голем придонес за борбата против криминалитетот“.
Вели Борче Пешевски од секторот за односи со јавноста при МВР. Но во последно време јавноста во земјава со стравување гледа на нивното однесување. Многу често се случува од нивната дрскост да страдаат и невини граќани кои по полноќ ќе се најдат на улица. Ваквите информации ги потврдуваат и од канцеларијата на Народниот правобранител.
„Сеуште продолжува тој тренд, односно голем е бројот на преставки за однесувањето на припадниците на Алфи-те. Граѓаните најповеќе се жалат на примената на физичка сила и на пречекорување на нивните овластувања.“
Вели портпаролот Уранија Пировска. Последениот случај е регистриран за време на викендов. 21-годишно момче од Скопје се здобил со повреди на главата кои ги здобил од припадниоци на МВР . Во полициска станица било побарано од него да потпише изјава за направен сообраќаен прекршок, што тој го одбил.
МВР како и вообичаено тврди дека ваквата приказна на 21 годишното момче е невистинита како што биле и претходните кога граѓани се пожалија на однесувањето на припадниците на единицата Алфи.
„Сметаме дека се работи главно за тендециозни и неаргументирани напади.“
Од друга страна од канцеларијата на Народниот Правобранител велат дека МВР продолжува со нејзиниот игнорантски однос кон ова институции.
„Соработката со Секторот за внатрешна контрола при МВР не е на завидно ниво. И понатаму Сектротот продолжува да не ни доставува информации по нашите барања, односно оние информации кои ни се потребни за да можеме да ја истражиме фактичката состојба докрај, со што се ограничува работата на Народниот правобранител по овие претставки.“
Наши извори во МВР велат оти министерот Љубомир Михајловски е тој кој што им дал одврзани раце на припадниците на единицата Алфи. Тој им ветил дека и во случај не пречекорување на надлежностите тој секогаш ќе застане во нивна одбрана.