Достапни линкови

Дарко Алексов, претседател на „Мост“. Кодексот само имиџ, партиите сега се служат со трикови


Поголемиот дел од изборната кампања веќе е зад нас, каква е оценката на граѓанската асоцијација „Мост“ за досегашниот дел на кампањата, односно што е она што претставува главна карактеристика?

Тоа што може да се забележи дека иако е кампања за локални избори, сепак немаме такво чувство. Согледувајќи го настапот, посебно на челниците на политичките челници во државава, може да се забележи дека даваат насока во најмала рака на изборна кампања за парламентарни избори. Значи, недостаток од стратегија и програма којашто вистински треба да им се понуди на граѓаните, а од друга страна, цело време се кажува што фали на општината, а не како и практично тоа ќе се поправи.

Но, од аспект на почитување на регулативата, на активностите што се предвидени со законите, дали и тука има „Мост“ веќе регистрирано неправилности?

Апсолутно, иако ние и во минатите изборни циклуси кажавме дека е намалено злоупотребата на децата во изборната кампања. Сепак, со почетокот на изборната кампања со жалење можеме да констатираме дека децата повторно се употребуваат од политичарите за политички цели, потоа, секаде има непочитување на местата за плакатирање. Потоа, посебно во западниот дел од државата, имаме непочитување на Законот за употреба на знамето, како и се повеќе присутен говорот на омраза, којшто очекуваме во последната недела од кампањата да биде поприсутен.

Дали имате сознанија за присуство на онаа стара пракса за притисоци и поткупување на гласачите?

Ние имаме јавувања, но не можеме да тврдиме дека тоа е и практично така. Во одредено село во скопско, еден од кандидатите за градоначалник ги исплатил сите долгови на селаните во локалната продавничка.

Во почетокот политичките партии потпишаа декларација за фер избори?

Граѓанската асоцијација „Мост“ само го набљудува имплементирањето на одредбите од кодексот. Сето ова што ви го кажав се прекршувања на одредби од кодексот, а скоро сите политички партии го потпишаа кодексот, дури и независните кандидати. Што значи дека, повторно доаѓаме на онаа констатација дека го потпишуваат кодексот заради имиџ и слика дека сакаат да има мирни фер и демократски избори, а од друга страна повторно се служат со трикови на коишто сме сведоци веќе 10 години наназад.
XS
SM
MD
LG