Достапни линкови

Македонија отвори трговско економско претставништво на Косово


Македонија го отвори во Приштина трговско економското преставништво, што пртеставува најава и за потпишувањето на Договорот за слободна трговија што треба да се случи набргу. Со отварањето на амкедонското преставништво се проценува дека ше се зголеми обемот на трговската размена со Косово кој и досега е на задоволувачко ниво. Македонија не е единствената земја која отворила свое преставништво на Косово. Тоа досега го сториле десетици земја меѓу кои САД, Велика Британија Германија, Франција а деновиве во постапка е и отворањето на преставништво И на руската федерација.

Македонската Делегација во приштина беше пречекана од цивилниот администратор на УНМИК Сорен Јесен Петерсен кој од страна на премиерот Владо Бучковски беше информиран и за разговорите водени со српските власти во врска со демаркацијата на граничната линија на македонија на делот кон Косово.

На Петерсен му ги пренесовме ставовите на офијален Белград дека текниките работи околу демаркацијата ќе се водат со УНМИК. Наш став е што побрзо да започне тој процесс И да завршИ пред почетокот на разговорите за евентуалниот конечен статус на Косово рече премиерот Владо Бучковски.

Инаку што се однесува до канцеларијата, шефот на преставништвото автоматски добива и дипломатски статус без оглед на тоа дали преставништвото ќе врши дипломатско-конзуларни Работи.

Според пресметките на МНР трошоците за трговско економско преставништво во Приштина годишно би изнесувале 170 илјади евра. Косовските власти преку УНМИК веќе појавиле интерес за отворање на слична Канцеларија во македонија.

По завршувањето на официјалниот дел од програмата македонската Делегација на чело со премиерот Владо Бучковски замина на неформален работен ручек со косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
XS
SM
MD
LG