Достапни линкови

Македонија не е протекторат


Македонија не е протекторат, меѓународната заедница да посредува при избор на судии, ова е ставот на Републичкиот Судски Совет и Здружението на Судии, по ваквиот предлог на ДПА.

,,Ние не сме протекторат, па да посредува и за избор на судии меѓународната заедница. Тоа е спротивно на сите закони. Има тело, според законот, во кое партиципираат и самите Албанци, тоа е Републичкиот судски совет. Тие се застапени во тоа тело и нема потреба за посредство од меѓународната заедница за нивниот избор,”

изјави заменик претседателот на Републичкиот Судски Совет, Абдулселам Канзовски.

Според ДПА со престојните реформи во судството треба да се побара од меѓународната заедница да делегира свои преставници во телото што ќе ги избира судиите, сево ова е со цел да се надмине партизацијата на трета власт, вели Илијаз Халими. Македонија е под постојан меѓународен мониторинг и тоа не би значело мешање во работата на правосудството:

,,Во тој орган кој ќе одлучува би требало да присуствуваат претставници на меѓународната заедница, да видат како се врши изборот и дали се почитуваат критериумите. Не тие да се мешаат во нивната работа, туку да бидат присутни.”

А, претседател на Здружение на Судии Агим Мифтари со став треба да се смени начинот на избор на судии, но во никој случај со посредство на меѓународната заедница ние сме несависна држава а не протекторат, вели тој.

,,Ние не сме ниту Босна, босанска краина, кај што посредуваат странците, ниту Косово. Кај нас функционира тој систем. Ние можеме да го менуваме уставот кога ќе се менува, начинот на избор на судии да биде поинаков, не како сега, не од ваков судски совет, да не оди во Собраниет, ама тоа уште се размислувања и нема ништо конкретно. Сите бараат поинаков начин на избор, ама не меѓународната заедница да има ингеренции во изборот.”

За останатите политички партии во земјава предлогот на ДПА за меѓународно посредување при избор на судии е крајно несериозен.
XS
SM
MD
LG