Достапни линкови

Продолжуваат преговорите за името меѓу Македонија и Грција


Скопје и Атина продолжуваат со преговорите во рамки на обединетите нации околу спорот за уставното име Република Македонија. Македонската страна како што информираат од Министерството за надворешни работи останува на ставот за прифакање на двојна формула-едно име што ке се користи во билатералните односи мегу македонија и Грција и уставното име за меѓународна употреба.

„Република Македонија настапува со познатиот став којшто произлегува од заклучокот на владата во ноември 2002 година, а се однесува на двојната формула, што значи уставното име во меѓународната соработка, и комуникација, додека со Република Грција изнаоѓање на заедничко прифатливо име,“

изјави Душко Узуновски од МНР. Во земјава пак експертите се со поделени ставови во врска со начинот на кој треба да постапува македонската страна во преговорите по признавањето на уставното име од Соединетите држави. Дел од нив сметаат дека Македонија во продолжувањето на преговорите стартува со поволна позиција и треба да се движи во насока на затварање на преговорите во рамки на Обединетите нации, поради фактот што во оваа организација може да се употреби и ветото. Оттука според нив потребно е разговорите да се сведат на билатерално ниво Македонија - Грција. Дел од дипломатите и експертите посочуваат дека е правилна владината одлука. Грчките медиуми, кои се повикуваат на дипломатски извори, најавувајќи го продолжувањето на преговорите, посочуваат дека двете страни се решени да ги запазат и ги развиваат добрососедските односи и да вложат максимални напори за решавање на спорот. Спорот меѓу двете земји почна поради противење на Грција да го прифати уставното име на земјава. Ова беше причина Македонија во април 1993 година да биде примена во Обединетите нации под референцата Поранешна југословенска Република Македонија. Под покровителство на Обединетите нации, а со посредство на американските дипломати Сајрус Венс и Метју Нимиц двете држави започнаа преговори за надминување на спорот. Односите меѓу двете земји се подобрија по потпишувањето на привремената спогодба во 1995 година кога беше укинато трговското ембарго од страна на Грција.
XS
SM
MD
LG