Достапни линкови

Претседателот Буш им се заблагодари на гласачите за новиот мандат


Американскиот претседател Џорџ Буш им се заблагодари на гласачите за новиот четири годишен мандат и вети дека ќе ја продолжи политиката на демократизација на Ирак и Авганистан, како и борбата против тероризмот, намалувањето на даноците и заживување на економијата:

„Америка се искажа и јас сум покорен на довербата од граѓаните. Со таа доверба, доаѓа и должноста да им се служи на сите Американци, и ќе се трудам да ја исполнам оваа должност, секојдневно, како ваш претседател.“

Победничкиот говор на претседателот Буш во Вашингтон се случи еден час откако сенаторот Кери во Бостон го призна поразот на изборите.
XS
SM
MD
LG