Достапни линкови

Бојкот на студентските избори


Кампања меѓу кандидатите како среде парламентарни или претседателски избори, префрлања, обвинувања… Ова ја карактеризира актуелната студентска кампања за избор на лидер во време на засилени реформи во високото образование. А, во пресрет на оваа, јавноста сеуште не ја заборава „славната“ битка од минатите студентските избори, која заврши со многу политика, ангажирани рекетари, физички пресметки, меѓу таборите на двата кандидати.

„А зошто не би се бореле тоа е карта како што се виде и досега за влез во политиката, висок профит, канцеларија, возило, и по некоја трибина на која божем се зборува за подборување на статусот на студентите,“ одговара академската младина коментирајки ја исполитизираноста и профитабилноста на функцијата:

„Јас нема да гласам. Се е исполитизирано. Имаат услови, привилегии и голема сума на пари што треба да ја распределат за да го подобрат студентскиот стандард.“
„Кандидатите се политички настроени.“
„Нема да гласам, ќе си одам на журка.“


Долу на земја, наспроти ,,облаците за претседателска функција И сите поволности Што таа ги носи,, колку за потсетување еве Што им недостасува на студентите.

„На пример еве, петта година сум на факултет, пробувам пет години да добијам место во дом, ги исполнувам сите услови, висок просек, ама местата во домовите се добиваат како што се добиваат.“
„Студентскиот стандард е многу низок.“


Во светот студентските организации важат за најпрогресивната сила, двигател на општествените случувања, поборници за подобрување на студентскиот статус... па наталоженото незадоволство години наназад, дека ниШто од тоа не е сторено, резултираше со формирање групација наречена „студентите за себе“, која порачува - бојкот на студентските избори,, кампањата е навистина инспиративна „дојди на журка - преспиј го гласањето,“ порачуваат на иницијаторите.

„Ги повикуваме студентните да дојдат во Елемент, да се изжуркаат и да го преспијат денот, односно да не излезат на студентските избори, да го направат тоа, бидејќи студентскиот сојуз, ваков каков што е, не презема ништо за нив и со тоа да покажат дека чувствуваат потреба од реформи во студентското организирање.“

вели Марјан Забрачанец член на групацијата.
XS
SM
MD
LG