Достапни линкови

Заложничката криза заврши, пет киднапери убиени, 200 хоспитализирани лица


Три дневната заложничка криза во рускиот град Беслам денеска, денеска ненадејно завршува откако руските специјални сили ја нападнаа училишната зграда во која група вооружени лица држеа неколку стотици заложници. Повекето од заложниците, според руските служби, се безбедно извлечени. Според болнички извори има околу 200 ранети и хоспитализирани лица од кои поголемиот број деца. Според рускитe сили убиени се 5 киднапери.

Нападот, како што јави дописникот на радио Слободна Европа Татјана Собол, започна во претпладневните часови откако требаше да се земат меѓу 10 и 20 мртви тела на заложници.

,,Нападот почна откако на работниците на министерството за вонредни состојби им беше дозволено од страна на киднаперите да ги земат мртвите тела на убиени заложници надвор од територијата на училиштето. Тогаш започна интензивното пукање.”

Во драматичната операција за спасување на заложниците, големи групи деца некои полу голи бегаа од училиштето и беа пречекувани од возбудените родители, медицинските тимови и војниците. Според Интерфакс сите заложници од училиштето во Деслан – руска Северна Осетија се извлечени. Руските сили правеа дупки во зидовите за заложниците да можат да избегаат. Според интерфакс, милитантите стрелале врз групите деца. Во училиштето имало меѓу 15 и 25 вооружени лица кои држеа во заложништво три дена, според конфузните извештаи меѓу 350 и 1000 лица. Спорадичното пукање продолжи и попладневните часови додека руските трупи и локални вооружени мажи беа во потрага по милитанти кои избегале од училиштето. Според официјални лица, главното барањето на кидаперите било независност за Чеченија.
XS
SM
MD
LG